
Улогата на буџетот на Република Северна Македонија во развивањето на политики за вработување на младите
Citation APA 7:
Димовски, Т. (2020). Улогата на буџетот на Република Северна Македонија во развивањето на политики за вработување на младите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Димовски, Т., 2020. Улогата на буџетот на Република Северна Македонија во развивањето на политики за вработување на младите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 28.12.2020 |
Citation APA 7:
Димовски, Т. (2020). Улогата на буџетот на Република Северна Македонија во развивањето на политики за вработување на младите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Димовски, Т., 2020. Улогата на буџетот на Република Северна Македонија во развивањето на политики за вработување на младите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Младите претставуваат движечка сила на модерните демократии кои треба да се
во функција на “будно око” кое ќе биде постојан коректив и носител на демократски
промени и напредок на општеството. Категоријата млади како посебен општествен
феномен како и политиката за млади претставуваат релативно нови флоскули кои се
третираат во различните Европски форуми и институции. Младите претставуваат
мошне динамична категорија која има допирни точки со многу други области како
образование, здравство, вработеност, правда, локална самоуправа, култура и многу
други. На ниво на Европа, отсуствува единствена дефиниција за тоа што претставува
младиот човек и на која возраст е, се разликуваат практиките за регулирање на
статусот и делувањето на младите, опфатот на областите кои ги засегаат е различен и
променлив како и зависи од општите социјално-економски прилики. Она што ги
обединува Европските практики е дека се преземаат напори за регулирање на областа
на младите на ниво на Европската Унија и Советот на Европа но и дека поодделните
земји развиваат или веќе имаат добро развиени младински политики кои се регулирани
со законски решенија. 29 години по етаблирањето на независна и самостојна држава
која ги спроведува процесите на демократизација и Европеизација, статусот на младите
се уште не е сеопфатно и конкретно уреден во Република Северна Македонија.
Постојната законска регулатива во многу мала мера го третира прашањето, положбата
и улогата на младите во Република Северна Македонија. Отсуствуваат посебни
законски решенија за младите како на пример одделен Закон за млади во кој би се
уредил статусот, начинот на организирање и регистрација, формите на делување на
младите во Република Северна Македонија.
Keywords:
буџет, политики,млади.
