
Приврзаност за родителите и врсниците, перцепирано искуство и ниво на депресивност во рана возрасна доба
Citation APA 7:
Укоски, Т. (2020). Приврзаност за родителите и врсниците, перцепирано искуство и ниво на депресивност во рана возрасна доба [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Укоски, Т., 2020. Приврзаност за родителите и врсниците, перцепирано искуство и ниво на депресивност во рана возрасна доба. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 28.12.2020 |
Citation APA 7:
Укоски, Т. (2020). Приврзаност за родителите и врсниците, перцепирано искуство и ниво на депресивност во рана возрасна доба [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Укоски, Т., 2020. Приврзаност за родителите и врсниците, перцепирано искуство и ниво на депресивност во рана возрасна доба. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Раната возрасна доба како фаза во развојниот процес од неодамна се гледа како
уникатна фаза, различна и од адолесенцијата и од достигнувањето на целосна
зрелост (Arnett,2000). Таа е еден вид премин помеѓу адолесенцијата и
возрасноста. Со тоа може да се очекува оваа фаза да биде доста бурна и богата.
Во неа многумина ги градат своите патишта за иднината(Nelson, Badger, & Wu,
2004). Со ова се отвараат многу прашања околу оваа развојна фаза, за која што и
нема многу податоци и истражувања, бидејќи е релативно нова теориска рамка.
Од друга страна, приврзаноста за родителите и за врсниците (Bowlby, 1988;
Bretherton, 1992; Hazan & Zeifman, 1994) е доста истражувана темаи докажано е
дека начинот и степенот на приврзаност може да влијае врз многу сегменти во
понатамошниот развој. Трето, високото ниво на депресивност може да е
показател и да корелира со лошата приврзаност (attachment) со родителите и
врсниците и тоа да доведе до негативно перцепирано искоство во раната
возрасна доба. А, спротивно на тоа ниското ниво на депресивност да е показател
за позитивен атачмент и позитивни перцепирани искуства во раната возрасна
доба.
За ова истражување се доби инспирација од истражувањето на Шнајдерс
(Schnyders,2012) како и од фактот дека нема многу податоци и истражувања, се
одлучи да се испитува врската помеѓу приврзаноста за родителите и врсниците
преку три компоненти (доверба, комуникација и отуѓеност), перципираните
искуства (позитивни и негативни) и нивото на депресивност во раната возрасна
доба. Постои очекување здравата и добра приврзаност да е предиспозиција за
подобра перцепција на искуствата во раната возрасна доба и пониско ниво на
депресивност, додека негативните перципирани искуства и високото ниво на
депресивност да се последица, меѓу другото и на слаба приврзаност, ниска
доверба и лоша комуникација со родителите, но и со врсниците (пријателите).
Keywords:
родители, депресивност, возрасна доба.
