Ниво на анксиозност во процес на изучување на странски јазик кај возрасни

Citation APA 7:
Цветанов, Г. (2021). Ниво на анксиозност во процес на изучување на странски јазик кај возрасни [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Цветанов, Г., 2021. Ниво на анксиозност во процес на изучување на странски јазик кај возрасни. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

12.03.2021

Citation APA 7:
Цветанов, Г. (2021). Ниво на анксиозност во процес на изучување на странски јазик кај возрасни [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Цветанов, Г., 2021. Ниво на анксиозност во процес на изучување на странски јазик кај возрасни. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Главната цел на трудот во областа на психологијата е да се испита постоењето и
влијанието на анксиозноста која се јавува при учењето странски јазик, бидејќи голем
број истражувања покажале дека многу личности кои учат стански јазик, без оглед на
јазикот, и без оглед дали се помлади студенти, адолесценти или возрасни, се соочуваат
со проблемот на јазична анксиозност. Со оглед на тоа што странските јазици се
неопходна потреба на времето во кое живееме, секако англискиот како примарен, но и
сите други јазици, како бенефит на професионалната биографија на личноста, ова
истражување од оваа проблематика главно се фокусира на анксиозноста кај возрасни
ученици, кои учејќи го јазикот во училницата, се среќаваат со неможност соодветно да
се изразат на странски, односно англиски јазик во случајов, што не само што влијае на
нивниот став кон учењето јазик, туку и на успехот во совладувањето на истиот.
Причините за појава на анксиозност, како и ситуациите, кои придонесуваат за појава на
страв од изразување на странски јазик, се индивидуални. Тие се од голема важност за
да се разгледа овој проблем во целина. Затоа, во склоп на ова истражување, проблемот
на јазичната анксиозност кај возрасни ученици се разгледува од неколку агли и
претставува сеопфатна анализа на овој феномен кај возрасни ученици, односно
посетители кои веќе завршиле со формалниот образовен процес.
Истражувањето за оваа магистерска тема е спроведено на репрезентативен
примерок од 62 слушатели на странски јазици, избрани по случаен избор со техника на
тестирање и анкетирање за да се добијат податоци дали и во колкава мерка е присутна
јазичната вознемиреност кај возрасните ученици кои го изучуваат англискиот јазик.
Резултатите добиени преку истражувањето се анализирани и интерпретирани
преку добиените параметри.
Врз основа на добиените заклучни резултати во ова истражување, може да се
заклучи дека јазичната анксиозност е присутна кај возрасните и дека има влијание врз
учењето англиски јазик. Според добиените заклучоци и препораките, може да се
соглада значањето на психолошкото советување, кое значително може да придонесе за
намалување на нивото на јазична анксиозност и зголемување на успехот во
совладувањето англискиот јазик.

Keywords:

анксиозност, јазична анксиозност, учење странски јазик, возрасни