Мускулно-скелетни нарушувања кај вработени во текстилна индустрија

Citation APA 7:
Петрушевска Синадиновска, Т. (2021). Мускулно-скелетни нарушувања кај вработени во текстилна индустрија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Петрушевска Синадиновска, Т., 2021. Мускулно-скелетни нарушувања кај вработени во текстилна индустрија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

05.04.2021

Citation APA 7:
Петрушевска Синадиновска, Т. (2021). Мускулно-скелетни нарушувања кај вработени во текстилна индустрија [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Петрушевска Синадиновска, Т., 2021. Мускулно-скелетни нарушувања кај вработени во текстилна индустрија. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Abstract

Вовед – Мускулно-скелетните нарушувања влијаат на мускулите, нервите,
крвните садови, лигаментите и тетивите. Мускулно-скелетните нарушувања, кои се
поврзани со работата, можат да се превенираат.
Цел на трудот – Целта на ова истражување е да се дојде до податоци за
застапеноста на мускулно-скелетни нарушувања кај работниците на работно место
шивач во текстилна индустрија и истите да се споредат со застапеноста на мускулноскелетните нарушувања кај административните работници.
Метреријал и методи – Ова истражување претставува епидемиолошка
студија на пресек. Испитуваната (ИГ) и контролната (КГ) група се состојат од 80
испитаници од женски пол. Испитаниците од ИГ работат на работно место шивач во
текстилна индустрија, а од КГ на работно место административен работник.
Студијата е направена со анализа на Прашалникот за мускулно-скелетни
нарушувања и резултатите добиени од извршените превентивни медицински
прегледи.
Резултати – Постои статистички сигнификантна разлика во однос на појавата
на мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата, помеѓу работниците кои
работат на работно место шивач во текстилна индустија и административните
работници. Постои статистички сигнификантна разлика во дистрибуцијата на видот
на мускулно-скелетните нарушувања во однос на работното место. Постои
статистички сигнификантна поврзаност помеѓу работното место и појавата на
мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата. Постои статистички
сигнификантна поврзаност помеѓу возраста на работникот и појавата на мускулноскелетни нарушувања поврзани со работата. Постои статистички сигнификантна
поврзаност помеѓу должината на работниот стаж на конкретното работно место и
појавата на мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата.
Заклучок – Евидентна е потребата од подигнување на свеста кај
работодавците за подобрување на ергономските услови за работа. Потребна е
континуирана едукација на работниците сѐ со цел намалување на мускулноскелетните нарушувања поврзани со работата. Клучни зборови. Мускулно-скелетни
нарушувања, текстилна индустрија.

Keywords:

индустрија, нарушуање, вработени.