Апликативен ГИС проект за градот Велес

Citation APA 7:
Бочваров, М. (2020). Апликативен ГИС проект за градот Велес [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе – Битола.

Citation Harvard:
Бочваров, М., 2020. Апликативен ГИС проект за градот Велес. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе – Битола.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

17.04.2021

Citation APA 7:
Бочваров, М. (2020). Апликативен ГИС проект за градот Велес [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе – Битола.

Citation Harvard:
Бочваров, М., 2020. Апликативен ГИС проект за градот Велес. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе – Битола.

Abstract

Во овој магистерски труд ќе објаснам и покажам како изработив ГИС проект за дел
од градот Велес. Овој проект птретставува продолжување на проектот кој гоизработив за
дипломскиот труд. На почетокот ќе се потсетиме на тоа што е ГИС и кои техники и
технологии се содржат во ГИС. По воведот во ГИС технологиите, во главниот дел најпрво
ќе објаснам и покажам како го создадов овој проект: започнувајќи со вметнување на картата
во позадина до креирање на темите и цртање на објектите. Во овој дел ќе биде објаснето и
покажано кој распоред на теми се одбрани и причината за распоредот. Исто така,акцент ќе
се стави и на тешкотиите на кои се наиде при изготвувањето на проектот како: нецелосни
и нејасни детални урбанистички планови, немање на доволно информација, стари
сателитски снимки и слично. Сите тешкотии ќе бидат објаснети а ќе бидат прикажани и
начините како ги надминав овие проблеми и моето мислење за како можат да се поправат и
решат овие проблеми за идните генерации да немаат вакви потешкотии. Во трудот ќесе
задржам и на важноста на надградување и причината за користење на најновите верзии на
програми. Преку примери ќе бидат прикажани и објаснети разликите во верзиите од
стариот проект,изготвен во дипломската задача и новиот проект, кои се бенефити од
надградување и ќе се обдам да дадам одговор на прашањето зошто е важно да се
надградуваат програмите. Во четвртиот дел од главниот дел ќе ги објаснам можностите што
ни ги дава ГИС проектот кога се зборува за анализа и статистика,кои ќе бидат поткрепени
со неколку примери за анализа со ГИС проектот. Во овој дел ќе биде дадаен и пример за
тридимензионален ГИС план каде лесно би можел да се генерира 3Д поглед од проектот со
неколку атрибути кои не се достапни никаде, а лесно можат да се добијат и треба да бидат
јавно достапни. По главниот дел следи заклучокот во кој ќе ги изнесам моите согледувања
што треба да се направи од страна на државните органи за да може да се подобри овој проект
и да стане реален, како може да се користат статистиките за да се подобри државата и како
оваа технологија да ја користиме во иднина.

Keywords:

ГИС, Велес, тридимезионално, урбани снимки