
Нематеријална штета
Citation APA 7:
Георгиевски, В. (2021). Нематеријална штета [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Георгиевски, В., 2021. Нематеријална штета. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.04.2021 |
Citation APA 7:
Георгиевски, В. (2021). Нематеријална штета [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Георгиевски, В., 2021. Нематеријална штета. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за правни науки.
Abstract
Нашиот закон, како предмет на нематеријална штета ги определува вредностите,
кои по својата природа се духовни, психички, апстрактни, а со тоа и тешко одредливи и ги
опфатил со општиот правен израз „правичен паричен надоместок“, кој се досудува
како надомест на нематеријална штета.
Нематеријалната штета, согласно Законот за облигационите односи, претставува
штета предизвикана со повреда на личните права. При одлучувањето за барањето за
надомест на нематеријална штета, како и за висината на нејзиниот надомест, судот ќе води
сметка за значењето на повреденото добро и за целта за која служи тој надомест, но и за
тоа со него да не им се погодува на стремежите што не се спојливи со неговата природа.
При одлучувањето за барањето за надомест на нематеријална штета, како и за
висината на нејзиниот надомест, судот ќе води сметка за значењето на повреденото добро
и за целта за која служи тој надомест, но и за тоа со него да не им се погодува на
стремежите што не се спојливи со неговата природа.
Зголемениот ризик од предизвикување штета при користење моторни возила во
сообраќајот го определи законодавецот, кој ги регулира правилата за надомест на штета во
оваа област на специфичен начин. Во поновите промени во 2020 година (пречистен текст),
не се напраени значајни промени во делот на нематеријална штета и тие одредби од ЗОО
немаат претрпени битни измени, во суштина сумирани во ЗОО, со тоа што е изменето
името, па од застареност на побарувањето премина само во застареност.
Keywords:
Нематеријална штета, Закон за облигациони односи, надомест, лични
права
