Влијанието на дислексијата врз појава на депресија кај децата

Citation APA 7:
Петрушевска Синадиновска, Т. (2021). Влијанието на дислексијата врз појава на депресија кај децата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Петрушевска Синадиновска, Т., 2021. Влијанието на дислексијата врз појава на депресија кај децата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

12.05.2021

Citation APA 7:
Петрушевска Синадиновска, Т. (2021). Влијанието на дислексијата врз појава на депресија кај децата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Петрушевска Синадиновска, Т., 2021. Влијанието на дислексијата врз појава на депресија кај децата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Вовед – Дислексијата е специфично нарушување во развојот. Некои од
основните симптоми на дислексија може да опстојуваат и во зрелоста. Нарушувањето
во читање се карактеризира со доста значително намалена брзина на читање.
Депресијата, од клинички аспект, претставува патолошка состојба која предизвикува
нарушување на психолошкото, социјалното и професионалното функционирање на
личноста.
Цел на трудот – Целта на истражувањето ќе биде да се дојде до податоци колкав
е бројот на ученици кои имаат специфични потешкотии во учењето, односно
дислексија. Дали постои разлика во инциденцата на појава на дислексија во однос на
полот. Дали постои поврзаност помеѓу присуството на дислексија и појавата на знаци
на депресија и дали има разлика во тој процент во однос на полот.
Метреријал и методи – Ова истражување претставува студија на пресек која е
спроведена врз основа на резултатите добиени од анализа на податоците од Тестот за
дислексија и Инвентарот за депресија кај децата (CDI). За потребите на ова
истражување се користи верижен примерок (примерок на „снежна топка“) од
потенцијални испитаници онлајн.
Резултати – Присуството на дислексија влијае на појавата на депресија кај
децата, односно присуството на дислексија ја зголемува можноста за појава на
депресија кај децата, а нејзиното отсуство ја намалува можноста за појава на депресија.
Степенот на дислексија влијае на појавата на симптоми на депресија кај детето. Децата
од машки пол имаат статистички сигнификантна повисока средна вредност на тестот за
дислексија.
Заклучок – Оваа студија ја потенцира потребата за идентификување на децата
кои имаат дислексија со цел да навремено да се интервенира за да им се помогне да го
надминат овој тежок развоен период на транзиција. Ефективни програми за корекција
на читање, подобрување на фокус и концентрација, како и психосоцијалните
интервенции, кои би им помогнале на лицата со дислексија да ја подобрат сликата која
ја имаат за себе.

Keywords:

Дислексија, депресија, деца.