Управување со човечки ресурси за подобро функционирање на организации даватели на поштенски услуги

Citation APA 7:
Здравковска, М. (2021). Управување со човечки ресурси за подобро функционирање на организации даватели на поштенски услуги [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Citation Harvard:
Здравковска, М., 2021. Управување со човечки ресурси за подобро функционирање на организации даватели на поштенски услуги. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

10.06.2021

Citation APA 7:
Здравковска, М. (2021). Управување со човечки ресурси за подобро функционирање на организации даватели на поштенски услуги [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Citation Harvard:
Здравковска, М., 2021. Управување со човечки ресурси за подобро функционирање на организации даватели на поштенски услуги. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе – Битола.

Abstract

Водејќи се од потребата за остварување на што повисоки профити во компаниите и остварување на стратешките планови кои се носат од страна на топ менаџментот на секоја компанија, пониските нивоа на менаџмент во компаниите треба да обезбедат квалитетен кадар на секое работно место. Со добро образованиот кадар, менаџерите ќе обезбедат лесно спроведување на задачите од страна на топ менаџментот и истовремено би се постигнала максимална продуктивност на работното место во компанијата.

Потрагата по квалитетен кадар е процес кој е постојан, а менаџирањето на човечките ресурси претставува само една алатка во задржување на образованиот кадар во компанијата, преку која ќе се настојува да се изгради и имиџот на компанијата.

Менаџерите треба да го развиваат човечкиот капитал преку селекција, оценување и обука на вработените, треба да знаат да ги препознаваат квалитетните кадри и да им овозможат надоградување на нивното знаење и стекнување со нови вештини.

Целиот процес на менаџирање на човечките ресурси тргнува од планирање на работните места, регрутирање на потенцијални кадри за планираното работно место, оценување на регрутирањето, селекција на кандидатите, потоа развој и обука на вработените за работното место, идентификување на потребите за обука, оценување на перформансите на вработените и градење на систем за оценување на вработените.

Keywords:

Клучни зборови: компанија, менаџери, топ менаџмент, профитабилност, работни места, вработени, планирање, селекција, обука, перформанси, систем на оценување.