
Континуирана обука и тренинг на човечките ресурси за поуспешно реализирање на индивидуалните и организациски перформанси
Citation APA 7:
Глигорова, М. (2021). Континуирана обука и тренинг на човечките ресурси за поуспешно реализирање на индивидуалните и организациски перформанси [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Глигорова, М. (2021) Континуирана обука и тренинг на човечките ресурси за поуспешно реализирање на индивидуалните и организациски перформанси. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 10.06.2021 |
Citation APA 7:
Глигорова, М. (2021). Континуирана обука и тренинг на човечките ресурси за поуспешно реализирање на индивидуалните и организациски перформанси [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].
Citation Harvard:
Глигорова, М. (2021) Континуирана обука и тренинг на човечките ресурси за поуспешно реализирање на индивидуалните и организациски перформанси. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет.
Abstract
Во современи услови на пазарот, поради силната конкуренција за да опстане една
организација таа мора постојано да учи како најдобро да ги искористи сите свои
потенцијали.
Успешните организации денес се водени од способноста да направат повеќе и подобро од
нивните конкуренти. Основното и најсилното оружје во жестоката борба за успех на
конкурентно и несигурно тло денес е знаењето – основниот капитал што обезбедува
опстанок и успех на компанијата.
Во новата ера – ерата на економијата на знаење , најважната од сите ресурси и основниот
двигател , е токму човечкиот ресурс – односно луѓето што се вработени во компанијата .
Квалитетниот персонал или едноставно кажано – вистинските луѓе на вистинското работно
место , секако е од клучно значење за вработениот како и за интересите на самата
организација. Доколку целта на денешната организација е успех на долг рок ,
организацијата не смее да си дозволи погрешни чекори поврзани со изборот на
вработените и искористувањето на нивниот потенцијал. Погрешен чекор може да
резултира и со заминување на најдобрите луѓе. Основните одлуки при избор на тим се
првиот чекор на патот кон создавање силна, стабилна целина.
Иако свеста за човечките ресурси го завземаат приматот во однос на другите ресурси се
чини дека малкумина менаџери се свесни за огромното влијание на управувањето со
човечките ресурси воопшто врз просперитетот и успехот на една модерна организација
денес.
Keywords:
образование , обука, човечки потенцијал, организациски перформанси
