Влијанието на дисфункционалните семејства врз социоемоционалниот развој кај децата на училишна возраст

Citation APA 7:
Алексовска, Ф. (2021). Влијанието на дисфункционалните семејства врз социоемоционалниот развој кај децата на училишна возраст [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].

Citation Harvard:
Алексовска, Ф. (2021) Влијанието на дисфункционалните семејства врз социоемоционалниот развој кај децата на училишна возраст. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

22.06.2021

Citation APA 7:
Алексовска, Ф. (2021). Влијанието на дисфункционалните семејства врз социоемоционалниот развој кај децата на училишна возраст [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет].

Citation Harvard:
Алексовска, Ф. (2021) Влијанието на дисфункционалните семејства врз социоемоционалниот развој кај децата на училишна возраст. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Речиси сите родители по раѓањето на своето дете сметаат дека имаат одговорност
за нивното етичко, духовно, културно, социјално, емоционално и граѓанско образование и
воспитување. Исто така, повеќето родители сметаат дека да бидеш добар родител значи да
се грижиш децата да ги стекнат навиките и доблестите кои се разбирливи за личноста на
детето да се идентификува како добар и совесен граѓанин. Но во текот на самото созревање
на семејството и промените со кои тоа се соочува, не секогаш оваа одговорност се движи
во посакуваната насока.
Суштинската функција на семејството е да разбере дека неговата улога е да ја
стимулира и охрабрува индивидуалноста на своите деца, а притоа треба да осознае дека
најважно за воспитување на детето е самото однесување на родителите. Врз правилниот
развој на детето родителите не влијаат само кога со него разговараат или го поучуваат, туку
тоа е сложен процес кој се одвива во секој момент од животот на детето, дури и кога
родителите не се покрај него (како се облекуваат родителите, како разговараат со другите
луѓе, како се радуваат или тагуваат, итн.).
Семејството треба да биде функционално поле за учење и притоа треба да ги
задоволува основните потреби на членовите – сигурност, признание и доверба, бидејќи
детето семејството го доживува како отворен социјален и емоционален модел на
човековиот живот. Нефункционалноста или дисфункционалноста на семејството сигурно
дека може да остави трајни последици врз правилното формирање на личноста на детето,
а секако тоа ќе се одрази и врз неговиот социјален и емоционален развој.

Keywords:

семејство, дисфункционални семејства, социо-емоционален равој
на децата од училишна возраст