Процесот на вработување и ефикасноста на вработените во организациите

Citation APA 7:
Талевска, Б. (2021). Процесот на вработување и ефикасноста на вработените во организациите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Талевска, Б., 2021. Процесот на вработување и ефикасноста на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Citation APA 7:
Талевска, Б. (2021). Процесот на вработување и ефикасноста на вработените во организациите [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Талевска, Б., 2021. Процесот на вработување и ефикасноста на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Управувањето со човечките ресурси е позиционирано во сферата на
лидерството или организацирањето на луѓето во организацијата и се заснова на
клучните категории на организациско однесување. Планирањето на човечките ресурси
е основа за сите работи во менаџирањето на човечките ресурси. Кога се планираат
човечките ресурси, всушност, се дефинираат потребните работни места и потребниот
број вработени со кои може да се извршат работните задачи, за да се достигнат
посакуваните цели на организацијата. Регрутирањето е централна функција на
управувањето со човечки ресурси.
Вработувањето инвалидни лица е процес кој во голем дел е идентичен со сите
останати процеси на вработување. Специфики, сепак, постојат, како во однос на
законските решенија, така и во практиката.
Ефикасноста е основен принцип на економското работење. Таа претставува
употреба на минимални ресурси со цел да се произведат максимални производи или
услуги. Не постојат единствени критериуми за ефикасност кои може да се применат на
секоја организација. Успешноста на организацијата во најголем дел зависи од
ефикасноста на менаџментот, бидејќи тој е оној кој е одоворен за пронаоѓањето на
правилните насоки и развојот на организацијата, но и е одговорен за контролирање на
остварените цели и мерење на резултатите. Работната средина со висока ефикасност,
директно се претвора во деловен успех.
Во овој труд беше спроведено истражување, за да се провери дали процесот на
вработување е поврзан со ефикасноста од работата. Добиените резултати покажаа дека
тие се поврзани, односно се докажа дека ако процесот на вработување се одвива на
соодветен начин, тогаш вработените ќе бидат поефикасни.

Keywords:

вработување, селекција, интервју, ефикасност