
Мотивирање и наградување на вработените во организациите
Citation APA 7:
Честојнова, П. (2021). Мотивирање и наградување на вработените во организациите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Честојнова, П., 2021. Мотивирање и наградување на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 10.08.2021 |
Citation APA 7:
Честојнова, П. (2021). Мотивирање и наградување на вработените во организациите [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Честојнова, П., 2021. Мотивирање и наградување на вработените во организациите. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Успешните и остварените претпријатија, како најважен фактор за нивниот успех во
своето функционирање ги имаат предвид човечките ресурси, односно вработените во
претпријатијата. Човечките ресурси имаат сопствени видувања и размислувања за
работите, воошто, сопствени, лични цели и секоја индивидуа претставува независна
личност. За да може едно мало или средно претпријатие да ги оствари своите стратегиски
цели, треба да води грижа за своите вработени, да ги разбере нивните потреби, да ги
мотивира, за да може да изгради состојба во која вработените ќе го почувствуваат
претпријатието како свое и како дел од себе. Мотивацијата и наградувањето на
вработените се оние движечки сили кои ги поттикнуваат на одредени однесувања. Малите
и средните претпријатија се носителите на економскиот развој во државите. Нивната моќ
произлегува од самите сопственици, претприемачи, но не се помалку важни и вработените
во нив. Сопствениците, претприемачите, а со тоа и самите вработени во малите и средните
претпријатија имаат обврска да се грижат за останатите вработени и колеги. Затоа,
мотивирањето и наградувањето на вработените е една од основните работи на
претприемачот.
Во овој магистерски труд се прикажани местото и улогата на менаџерот на
претпријатиjата во поттикнувањето на мотивацијата, како и на наградувањето во услови
на изразена конкурентност, како во областа на бизнисот, така и на работната рака на
вработените и нивните вештини и знаења.
Oд спроведеното истражување се забележуваат различни одговори, очекувани, но и
неочекувани, од што може да се заклучи дека вработените почнуваат да ги препознаваат
вредностите не само во материјалните награди, туку и во нематеријалните награди и
достигнувања. Работодавачите, пак, од друга страна, мора да можат да ги препознаат овие
предности и да ги искористат за доброто на едно претпријатие и зголемување на процесот
на работа и профит.
Keywords:
мали и средни претпријатија, вработени, мотивирање, наградување.
