
Полицијата како јавен сервис на граѓаните, со посебен осврт кон превентивно-репресивната активност
Citation APA 7:
Лазаров, С. (2021). Полицијата како јавен сервис на граѓаните, со посебен осврт кон превентивно-репресивната активност [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Лазаров, С., 2021. Полицијата како јавен сервис на граѓаните, со посебен осврт кон превентивно-репресивната активност. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Полицијата како јавен сервис на граѓаните, со посебен осврт кон превентивно-репресивната активност |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.08.2021 |
Citation APA 7:
Лазаров, С. (2021). Полицијата како јавен сервис на граѓаните, со посебен осврт кон превентивно-репресивната активност [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Лазаров, С., 2021. Полицијата како јавен сервис на граѓаните, со посебен осврт кон превентивно-репресивната активност. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Полицијата е важен дел од структурата на државните органи, која е одговорна за
јавната безбедност. Таа претставува неопходен елемент на социјалната организација и
денес претставува јавна служба и сервис на граѓаните. Ефикасното извршување на
поставените задачи на полицијата е условено од начинот на нејзиното организирање и
функционирање. Полицијата ce јавува како еден од основните столбови на безбедносниот
систем во сите општества и таа е една од основните институции во секоја држава. Имено,
полицијата претставува интегрален дел на општеството, со задача да ce грижи за
обезбедување на внатрешната безбедност на државата, настојувајќи да изгради добри
интеракциски односи и доверба од страна на граѓаните. Таа треба да поседува доволно
моќ и авторитет за да ja врши својата работа преку легитимност, одговорност и
професионализам. Ако ja извршува добро својата должност, полицијата ja добива
довербата од државата и од јавноста, но доколку не одговори во целост на јавните
очекувања и норми, ja губи довербата. Во оваа смисла, потребен е професионализам кој ce
однесува на одредени вредности, вештини и раководење со полицијата, преку принципите
на законито професионално однесување, интегритет, грижа за човековите права,
одговорност и минимална употреба на сила. Во основа, полицијата е највидливата
манифестација на сила на владините органи, која е задолжена да ги изведува
најочигледните, највидливите и најдиректните задачи врзани со редот, мирот и
безбедноста во државата. Основна цел на полицијата во едно демократско општество е да
ѝ служи на заедницата на тој начин што во целост ќе го заслужи приматот „сервис на
граѓаните“, притоа вршејќи ја својата задача, од една страна треба да обезбеди
функционирање на јавниот ред и мир, а истовремено да внимава на своите овластувања
при постапувањето, од друга страна. Менаџирањето на безбедноста, или поточно
терминот „безбедносен менаџмент“ во најширока смисла на зборот претставува начин на
организирање и управување на системот на мерки за безбедност кои се предмет на
интерес на човекот, како клучен дел од една организација и неговата корелација со
внатрешното и надворешното опкружување.
Keywords:
полиција, закон, јавни служби, безбедност.
