
Конфликти меѓу вработените и ефикасност во работата
Citation APA 7:
Трпческа, Х. (2021). Конфликти меѓу вработените и ефикасност во работата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Трпческа, Х., 2021. Конфликти меѓу вработените и ефикасност во работата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 14.08.2021 |
Citation APA 7:
Трпческа, Х. (2021). Конфликти меѓу вработените и ефикасност во работата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Трпческа, Х., 2021. Конфликти меѓу вработените и ефикасност во работата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Конфликтите во современите организации се актуелна тема на многубројни
научни дебати, а истовремено претставуваат и истражувачки предмет во уште
побројни научни трудови коишто имаат за цел да ги проучат заканите и опасностите од
конфликтите кои се случуваат во претпријатијата како и начините за нивно
надминување, а со тоа и зголемување на нивната продуктивност и ефикасност.
Многу е важно да се истражуваат стратешките пристапи во однос на тоа како да
се препознаат конфликитите во современите претпријатија и како да се менаџира со
нив во насока на навремено сузбивање со цел тие да не се разгорат и да не покажат
негативни индикации во однос на финансиските успеси на бизнисот во аспекти на
напредок и ефикасност на компаниите.
Во овој труд се истражуваше дали постоењето на конфликтни ситуации влијае
врз ефикасноста на вработените. Добиените резултати покажаа дека менаџерите имаат
значајна улога во управувањето со конфликтните ситуации кај вработените што
придонесува вработените да ја подобруваат својата ефикасност во работата.
Неминовно, покажуваат активно влијание во интеракцијата во самата компанија, со
надворешните клиенти и јадрото на компанијата, а тоа се, секако, човечките ресурси
чија стабилност и коегзистентност се неопходни за компанијата да напредува и да ги
реализира поставените визии, мисии и цели.
Keywords:
конфликти, стратешки пристап, ефикасност во работата
