Организациските стратегии, важен мотиватор на вработените во организацијата

Citation APA 7:
Јаковиќ, А. (2021). Организациските стратегии, важен мотиватор на вработените во организацијата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Јаковиќ, А., 2021. Организациските стратегии, важен мотиватор на вработените во организацијата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

17.09.2021

Citation APA 7:
Јаковиќ, А. (2021). Организациските стратегии, важен мотиватор на вработените во организацијата [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Јаковиќ, А., 2021. Организациските стратегии, важен мотиватор на вработените во организацијата. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Човечката активност не се јавува сама по себе.За било која активност на човекот
потребна е мотивација. Секој има потреба да биде мотивиран за извршување на одредена
работа а со тоа ги мотивира и другите без разлика дали свесно или несвесно се прави тоа.
Успешен менаџер знае дека со добро мотивирани работници се доаѓа до остварување на
целите на организацијата. Голем број од првите менаџмент студии се направени за да
утврди како да се мотивираат вработените за да работат подобро.
Голем дел од менаџерите за постигнување на целите на организацијата се
раководеле со тоа што врз своите вработени вршеле притисок па се одело и до тој степен
што се правело и како закана : ,, Ако не ја завршите серијата на чевли до вечер ќе бидете
отпуштени,,. Но по Втората светска војна се појавија многу повеќе можности за
вработување и луѓето станаа по вредни. Пазарот на труд се зголемувал со што
работниците не биле толку под притисок дека ќе ја загубат работата. Самите менаџери
стануваа по позитивни и на тој начин многу подобро и поуспешно ги раководеле
вработените. Доста голем е бројот на вакви примери и во Македонија. Иако денешниот
процент на невработеност е навистина висок, полека но сигурно менаџерите сфаќаат дека
е навистина тешко да се најде добар работник. Секој менаџер мора да знае и да умее како
и на кој начин да ги мотивира вработените доколку сака да ги оствари посакуваните цели
на организацијата.
Но од големо значење за успешна мотивација кај вработените имаат и самоте
стратегии на организацијата, стратегии кои одлучуваат на кој начин ќе ја раководат
организацијата и како ќе бидат комуникацијата помеѓу менаџер-вработен. Самата
комуникација е од големо значење за доаѓање до успешно извршена работа а и до тоа што
самиот вработен е по мотивиран да ја изврши навремено и точно зададената работна
обврска.

Keywords:

организациска стратегија , однесување, мотивирање,
организациска клима, вредности, ставови, тимско работење, креативност.