
Когнитивните нарушувања кај лицата со деменција во однос на полот и возраста
Citation APA 7:
Трајческа, М. (n.d.). Когнитивните нарушувања кај лицата со деменција во однос на полот и возраста [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“
Citation Harvard:
Трајческа, М., n.d. Когнитивните нарушувања кај лицата со деменција во однос на полот и возраста. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Когнитивните нарушувања кај лицата со деменција во однос на полот и возраста |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 23.09.2021 |
Citation APA 7:
Трајческа, М. (n.d.). Когнитивните нарушувања кај лицата со деменција во однос на полот и возраста [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“
Citation Harvard:
Трајческа, М., n.d. Когнитивните нарушувања кај лицата со деменција во однос на полот и возраста. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Деменција е губиток на порано постоечките интелектуално мнестички способности
односно стекнато органско оштетување на интелигенцијата без поматување на свеста. За
деменцијата карактеристичен е пад на општите интелектуални способности, оштетено
памтење и сеќавање, намалена критичка моќ за расудување, оштетување на способностите
на разликување на битно од небитно, пореметување на темпороспацијалната ориентација,
емоционална лабилност и зголемена сугестибилност(Чадловски и соработници 2004).1
Како што расте бројот на луѓето кои страдаат од деменција Светската здравсвена
организација проценува дека 65.7 милиони пациенти ке боледуваат од деменција до 2030
година или 115 .4 4 милиони до 2050 година. Се почесто се јавува и кај млади луѓе и
бројот на заболени секојдневно расте. Важно е да се истражува деменцијата кои се
фактори делуваат за нејзино настанување бидејќи болеста често доцна се препознава
најчесто поради неинформираност, но и ниската свест кај населението за редовни
прегледи. Многу важно е да се запознае јавноста со деменцијата и можностите за
превенција и лекување на оваа болест како и решавање на многу социјални аспекти кои ја
пратат.Деменцијата кај различни особи се манифестира со различни симптоми. Болеста
просечно трае од 5 до 8 години и брзо доведува до губиток на работната способност на
заболениот. Состојбата на болниот бара континуиран надзор и нега од страна на
членовите од семејството, а често и постојана институционализациja.
Зборот деменција доаѓа од латинскиот збор dementatus, што значи надвор од ум и како
таков можел да се користи за секој облик на психопатологијата. Целзиус бил првиот кој го
користи терминот деменција во првиот век по Христа. Орбазиус лекарот на императорот
Јулијан, од четвртот век од новата ера пишува за болеста церебрална атрофија која
предизвикува загуба на интелектуалната способност и ослабено движење. Дури во 19 век
Жан Етиен Доминик Ескирол во своето класично дело Умствени болести ја провлекува
разликата меѓу когнитивното растројство поради деменција и когнитивното растројство
од умствена болест. Ескирол разликува три различни видови деменција: акутна, хронична
1 Психијатрија Том 2 Чадловски Г. И соработници Просветно дело Скопје 2004 стр.10
6
и сенилна. Сенилната деменција ја дефинира како зафатеност на мозокот со ослабена
функција на сетилата,разумот и волјата како и со нагласено нарушување на
помнењето,расудувањето и вниманието. Ескирол опишува и халуцинации,
делузии,агресивно однесување и моторни нарушувања кај пациентите кои имаат
деменција. Во 1845 , Вилхем Гресингер за прв пат ја опишува сенилната деменција како
болест на церебралните артерии. Меѓутоа , еден од учениците на Гресингер , Емил
Крепелин, кој подоцна го ограничува опфатот на деменцијата одделувајќи ја сенилната
деменција од психозата со церебрална артериосклероза, која подоцна го понесува називот
demetia praecox и, на крај, шизофренија. Кон крајот на 19 век , почнуваат да се јавуваат
извештаи за плаки и атрофија на мозокот кај пациенти со нарушено помнење и
интелектуална конфузност. Во 1907 г. Алојз Алцхајмер за прв пат ги открива
специфичните хистопатолошки промени кои се поврзани со прогресивната дегенеративна
деменција. Тој опишува два случаја на деменција(во 1907 и 1911) со симптоми на афазија,
апраксија, агнозија и хистопатолошки наод на неврофибрилни клопчина и плаки според
кои се разликувале од деменцијата предизвикана од церебрална артериосклероза. И во
поново време се уште продолжуваат напорите да се расветли етиологијата на деменцијата
, како и дополнително да се опишат патолошките и физиолошките неправилности кои се
присутни , различните клинички слики со особено потенцирање на генетиката,
превенцијата и третманот.
2
Најчести проблеми со кои се сретнуваат заболенитеод деменција и нивните негователи се :
-Пореметување на памтењето , учењето , препознавање на околината и препознавањето на
блиските станува се послабо. Во умерениуот стадиум на болеста болниот не се сеќава на
имињата на најблиските, не ги разбира роднинските и пријателските релации. Во
подоцниот стадиум болниот не ги препознава предметите за секојдневна
употреба(лажица, прибор за лична хигиена). Во крајниот стадиум се јавува
инконтиненција , мускулите се укочуваат и болниот станува неподвижен, се потешко
дише и голта.
Keywords:
когнитивни нарушувања, когнитивни способности, памтење и сеќавање, интелектуални способности, расудување, темпороспацијална ориентација, когнитивно опаѓање
