Заштита на животната средина и одржливиот развој

Citation APA 7:
Мемедовски, У. (2021). Заштита на животната средина и одржливиот развој [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Мемедовски, У., 2021. Заштита на животната средина и одржливиот развој. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство, студиска програма Безбедност при работа.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.09.2021

Citation APA 7:
Мемедовски, У. (2021). Заштита на животната средина и одржливиот развој [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Мемедовски, У., 2021. Заштита на животната средина и одржливиот развој. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство, студиска програма Безбедност при работа.

Abstract

Освојувајќи ja и менувајќи ја природата за да си создаде и да си ги подобри
условите за животот, човекот, не делувајќи секогаш промислено кон својата животна
средина, создава нерамнотежа во нејзе, што доведува до загрозеноста и влошувањето
на животните услови па дури и до генетските пореметувања во човечкиот вид, а сите
овие промени во основа се од еколошката природа. Актуелната алармантна состојба во
животната средина бара битна промена на односот на човекот кон природата и развој
на образованието и воспитанието кај најширокиот круг на населението.
За остварувањето на концептот на одржливиот развој неопходно е
образованието за заштитата на животната средина.
Ја потврдивме хипотезата дека заштитата на животната средина и одржливиот
развој детерминираат потреба за партиципативното учење кое е засновано на
специфичностите на заедницата и кое може да биде интегрирано во сите нивои на
општеството. Исто така, заклучивме дека особеностите на партиципативното учење во
образованието за заштитата на животната средина придонесува кон реализацијата на
образовните резултати и унапредувањето на квалитетот во образованието за заштитата
на животната средина и така ја потврдивме и посебната хипотеза на нашето
истражување.
Здрава и квалитетна животна средина претставува една од општите универзални
човекови вредности – таа е пожелна, добра и значајна за сите луѓе и така доживеана и
видена, впрочем претставува и појдовна точка во заштитата на животната средина и
резултат на еколошките вредносни ориентации воопшто.
За да се постигнат повеќе видливи резултати во иднина, потребна е поголема
соработка помеѓу институциите кои се занимаваат со оваа проблематика, но и
преземање на мерки со кои би се подигнала свеста на населението за заштита на
животната средина. Додека ја извршуваат својата работа, ангажираните работници
доаѓаат во контакт со разни машини, алати, суровини, средства и други предмети, кои
влијаат или можат да влијаат врз здравјето и животот на луѓето.
Постојат одредени сектори кои имаат особено влијание врз животната средина,
и ова мора да се земе предвид при дизајнирање на програми за превенција. На пример,
во земјоделскиот сектор, пестицидите се применуваат на земјоделските култури, а со
тоа директно се емитуваат во воздухот или можат да преминат во водотеци или да
останат во земјата многу години. Работникот што ги применува може да биде директно
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ
_________________________________________________________________________________________
6
изложен, но мора да се земе предвид и потенцијалното изложување на другите во
околината при утврдување како безбедно да се изврши дејноста.
Се покажа дека хемикалиите имаат значително влијание врз животната средина,
од климатските промени до уништување на животинскиот свет и загадувањето на
водата за пиење. Јасно е дека поразумна употреба на хемикалии и контролирано
ослободување во животната средина и отстранување се од суштинско значење за да се
осигурат безбедноста и здравјето на животната средина во иднина.
Загадувањето на животната средина е глобален феномен и ризиците и
последиците по здравјето на луѓето се загрижувачки фактор.
Употребата на пестициди се зголемила многу пати во текот на изминатите
неколку децении. Според проценката, околу 5,2 милијарди фунти пестициди се
користат ширум светот годишно.
Штетните ефекти врз луѓето и нивната околина може да се спречат со правилно
ракување со пестициди.
Со цел правилно да се разбере влијанието на пестицидите врз животната средина,
неопходно е да се земе предвид однесувањето на пестицидите во индивидуалните
екосистеми и нивното влијание врз најважните објекти на овие системи. За да се
постигне ова, неопходно е да се користат податоци од екотоксиколошки мониторинг на
пестициди – систем за следење и контрола на содржината на остатоците од пестициди,
со цел да се процени и прогнозира состојбата на компонентите на биосферата.

Keywords:

одржлив развој, образование, заштита, животна средина, безбедност,
пестициди