
Врската помеѓу емоционалната интелигенција и нивоата на стрес и анксиозност кај средношколците во Република Северна Македонија
Citation APA 7:
Димов, М. (2021). Врската помеѓу емоционалната интелигенција и нивоата на стрес и анксиозност кај средношколците во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Димов, М., 2021. Врската помеѓу емоционалната интелигенција и нивоата на стрес и анксиозност кај средношколците во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет по психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.09.2021 |
Citation APA 7:
Димов, М. (2021). Врската помеѓу емоционалната интелигенција и нивоата на стрес и анксиозност кај средношколците во Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Димов, М., 2021. Врската помеѓу емоционалната интелигенција и нивоата на стрес и анксиозност кај средношколците во Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет по психологија.
Abstract
Емоционалната интелегенција е тема која се почесто се споменува во психологијата
во последните три декади. Коефициентот на емоционалната интелегенција се смета
за можеби и поважен фактор од коефициентот на IQ, кога станува збор за
предвидување на успехот во работата и животот, квалитетот на интерперсоналните
врски и целата среќа на личноста воопшто.Од друга страна, стресот и
анксиозностастанаа сериозни заболувања на денешницата и можеме да ги наречеме
„болести на новиот милениум“.Во новите психолошки истражувања се поголема
улога се доделува на емоционалната интелегенција во справувањето со овие два
параметри, и притоа се акцентира за важноста на самосвесноста, самоконтролата,
мотивацијата, емпатијата и социјалните вештини во професионалните достигнувања
и личната благосостојба на секој човек.
Целта на ова истражување е да се утврди дали постои корелација помеѓу
емоционалната интелигенција и нивоата на стрес и анксиозност кај средношколците.
Резултатите покажаа дека постои значајна статистичка поврзаност помеѓу
варијаблите, и тоа тренд на негативна корелација помеѓу емоционалната
интелигенција и нивоата на стрес и анксиозност, т.е. испитаниците кои имаат
повисоко развиена емоционална интелигенција имаат пониско ниво на перцепиран
стрес и анксиозност. Се потврди и позитивна корелациона врска помеѓу нивоата на
стрес и анксизонсот.
Keywords:
емоционална интелигенција, стрес, анксиозност, средношколци
