
Влијанието на интелигенцијата, социјалниот статус, полот и редоследот на раѓање врз училишниот успех
Citation APA 7:
Наковска, С. (2021). Влијанието на интелигенцијата, социјалниот статус, полот и редоследот на раѓање врз училишниот успех [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Наковска, С., 2021. Влијанието на интелигенцијата, социјалниот статус, полот и редоследот на раѓање врз училишниот успех. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Студиска програма: Клиничка и советодавна психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Влијанието на интелигенцијата, социјалниот статус, полот и редоследот на раѓање врз училишниот успех |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 15.10.2021 |
Citation APA 7:
Наковска, С. (2021). Влијанието на интелигенцијата, социјалниот статус, полот и редоследот на раѓање врз училишниот успех [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Наковска, С., 2021. Влијанието на интелигенцијата, социјалниот статус, полот и редоследот на раѓање врз училишниот успех. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Студиска програма: Клиничка и советодавна психологија.
Abstract
Училиштниот успех е тема која не засега сите нас и за која се смета дека е неминовна кога станува збор за развојот на младината и општеството воопшто. Сите ние сме пораснале со идејата дека училишниот успех е нешто кон кое што најмногу треба да се стремиме и да вложуваме, па оттука секако дека се отвараат размисли во кои се содржани прашања што е она што е важно за добар училишен успех. Овој труд се занимава со истражување на врската меѓу интелигенцијата, социјалниот статус (место на живеење и образование на родителите), полот, редот на раѓање во семејството и училишниот успех. Хипотетската рамка според која беше изработен овој труд се однесуваше на тоа дека: интелигенцијата е значаен предиктор на училишниот успех; учениците со повисока интелигенција постигнуваат повисок училишен успех; првородените деца, децата чии родители имаат високо образование и кои живеат во урбана средина постигнуваат повисок училишен успех и повисока интелигенција; учениците од машки пол имаат повисока интелигенција и повисок училишен успех. Истражувањето беше спроведено врз 100 испитаници од машки и женски пол, ученици во основните училишта ООУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец – Охрид, ООУ „Дебрца“ – с. Белчишта – Охрид, ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид, ООУ „Христо Узунов“ – Охрид. Сите ученици кои учествуваа во истражувањето се ученици во деветто одделение на возраст од 13 до 14 години (М=13,49, SD=,502). Во ова истражување за мерење на интелигенцијата беа употребени Равенови прогресивни матрици, Прашалник за испитување на демографски податоци, а за мерење на училишниот успех, се користеа училишни дневници од кој беа преземени податоци за успехот на секој ученик кој беше испитаник почнувајќи од шесто до деветто одделение. На крајот беше пресметан просек за училишниот успех од сите четири години. Собраните податоци беа статистички обработени, а според добиените резултати интелигенцијата e значаен предиктор на училишниот успех (β = ,509, p < 0,01); учениците со повисока интелигенција постигнале и повисок училишен успех (t(98)=-4,359, p<0,01); првородените деца имаат повисок училишен успех од второродените деца (t(98)=4,266, p<0,01); првородените деца немаат повисока интелигенција од второродените деца (t(98)=1,491, p>0,01); учениците од урбана средина немаат повисока интелигенција од учениците од рурална средина (t(98)=1,327, p>0,05); учениците од урбана средина имаат
повисок училишен успех(t(98)=-2,944, p<0,01); учениците од машки пол имаат повисока
интелигенција (t(98)=-3,837, p<0,01) но не и повисок училишен успех (t(98)=-1,902, p>0,05)
од учениците од женски пол; учениците чии родители имаат високо образование немаат
повисока интелигенција (t(95)=-1,317, p>0,05) за образованието на мајката и (t(98)=-1,254,
p>0,05) за образованието на таткото, од учениците чии родители имаат средно образование;
учениците чии родители имаат високо образование имаат повисок училишен успех (t(95)=-
4,766, p<0,01) за образованието на мајката и (t(98)=-5,696, p<0,01) за образованието на
таткото.
Keywords:
училишен успех, интелигенција, ученици, ред на раѓање, пол, социјален статус
