
реку агилна трансформација до силна конкурентска предност
Citation APA 7:
Колев, К. (2021). Преку агилна трансформација до силна конкурентска предност [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Колев, К., 2021. Преку агилна трансформација до силна конкурентска предност. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија, студиска програма Маркетинг менаџмент.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 19.11.2021 |
Citation APA 7:
Колев, К. (2021). Преку агилна трансформација до силна конкурентска предност [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Колев, К., 2021. Преку агилна трансформација до силна конкурентска предност. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија, студиска програма Маркетинг менаџмент.
Abstract
Една од важните и основни причини зошто ја користиме технологијата и другите
релевантни алати е креирање на брзина и агилност во процесите, а понатаму со
правилен менаџмент на организацијата и поголема продуктивност и флексибилност,
што, пак, резултира со поголема конкурентност на пазарот. Со соодветни алатки и
процеси, можеме да ги предвидиме и задоволиме барањата и да воспоставиме еден
позитивен циклус на создавање производи и услуги (дури и пред да се заситат
потребите на пазарот), а тоа води кон успех во конкуренцијата. Во агилен процес,
сите луѓе, структури, организациски единици и останати чинители, интегрирани, со
користење на напредна технологија, ефективно комуницираат за да ги исполнат
потребите на клиентите. Всушност, агилност значи способност и брзината на
дејствување на една организација за симултана и брза примена на технологии,
интеракција на технологијата, вработените и менаџментот преку создавање брза
комуникациска инфраструктура, со целеисходна ефикасност и одговорност за
постојаните непредвидливи промени на потребите на клиентите и пазарните услови
и навремено откривање на пазарните и деловни можностите. Во агилен процес,
технологијата, менаџментот и персоналот на организацијата, комуницираат во
динамично опкружување и непредвидливи промени, за да дадат брз одговор на овие
промени.
Конкуренцијата и конкурентската предност, се основниот предуслов за преживување
и опстанок на компаниите во деловниот свет. Затоа компаниите и нивниот
менаџмент постојано, низ целата историја на деловното опкружување, се трудат да
ги најдат најсоодветните механизми за да ја создадат и одржат конкурентската
предност. Квалитетот и цената на производот или услугата се универзалните и
генерални механизми што ја дефинираат конкурентската предност, бидејќи тоа се
карактеристиките кои се со универзално значење за потрошувачите.
Во овој труд се дава еден сеопфатен преглед на фазите на развој и менување на
деловното опкружување и различните начини и методи за остварување на
конкурентската предност. Историски многу различни фази во деловното
опкружување резултирале со различни тактики за остварување на конкутентска
предност. Конкурентска предност треба да се оствари и во услови кога имаме
суштински разлики помеѓу производите, но и во услови кога такви суштински
разлики е невозможно да се постигнат. Затоа во различни историски периоди,
различни стратегии биле соодветни и резултирале со успех во постигнувањето на
конкурентската предност. Почнувајќи од стратегијата на користење на ефтина
работна сила, преку стратегијата на „економија на обем“, односно голем обем на
производство, па преку „фокусирани фабрики“, понатаму преку „флексибилни
фабрики“, се до фаза кога „времето“ претставува главен параметар за остварување на
конкурентската предност. Следната фаза, фазата во која се наоѓаме денес, е фаза
кога агилноста е основа за остварување на конкурентска предност. Во овој труд е
даден краток осврт на тоа што претставува агилност од организациска гледна точка,
кои се предностите и придобивките што се очекуваат да бидат клучна вредност на
компаниите за остварување на конкурентска предност, и како да се стигне до агилна
компанија. Кој е патот на агилната трансформација. Како агилните организации се
однесуваа во „новото реално“ во COVID-19 пандемијата.
Придобивките од агилните практики и процеси се анализирани и од перспектива на
една Македонска компанија која го поминува патот на агилна трансформација и каде
што практично можат да се видат ефектите од истата.
Keywords:
конкурентска предност, агилност, агилна трансформација, агилна
методологија, процеси, технологија, стратегија, менаџмент, SCRUM,
