
Системи и мерки за безбедна работа на енергетските котли
Citation APA 7:
Горјанов, Т. (2021). Системи и мерки за безбедна работа на енергетските котли [Магистерски труд, Факултет за безбедносно инженерство].
Citation Harvard:
Горјанов, Т., 2021. Системи и мерки за безбедна работа на енергетските котли. Магистерски труд. Факултет за безбедносно инженерство.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering |
| Divisions | |
| Date Deposited | 22.11.2021 |
Citation APA 7:
Горјанов, Т. (2021). Системи и мерки за безбедна работа на енергетските котли [Магистерски труд, Факултет за безбедносно инженерство].
Citation Harvard:
Горјанов, Т., 2021. Системи и мерки за безбедна работа на енергетските котли. Магистерски труд. Факултет за безбедносно инженерство.
Abstract
Енергетските котли кои што работат на подкритични, критични и надкритични
параметри на парата се користат за да обезбедат пара за турбинска постројка во
термоелектричните централи. Тие претставуваат една целина која вклучува повеќе
видови на садови под притисок поврзани помеѓу себе што пак значи една сложена
целина која произведува опасен производ (пара) за манипулација и експлоатација.
Несреќите кои настанале од експлодирање на котли, оштетиле цели фабрики и
имаат земено човечки животи. Овие несреќи пред се биле проилезени од проблеми
какви што се неадекватно дизајнирани котли, неправилно инсталирани котли како и
неправилно управувани или одржувани котли.
Ефикасен и сигурен котел е од есенцијално значење за многу бизниси, бидејќи
застојот кој може да се предизвика од дефекти на котелот може да има голем ефект на
производството, фабриката и луѓето.
Сите досегашни искуства и несреќи што произлегле од експолатацијата на
ваквите системи ги натерало луѓето да ја усовршуваат технологијата и да го обмислат
секој детал за ваквата опрема како и нејзиното производство. Сето тоа е
документирано во вид на стандарди, кои со текот на времето се менувале врз основа на
добри или лоши искуства на производителите. Со текот на времето техничката
регулатива се надоградувала, така денес прецизно е дефиниран секој детал за
проектирање, производство, испитување и користење на ваква опрема. Техничката
регулатива е до некаде различна во различни делови на светот, дали поради различните
мерни единици или поради локалната законска регулатива но насекаде има еден ист
акцент – безбедност и квалитетот на изработка.
Законите и стандардите за садовите под притисок, малку се разликуваат во
различни делови на светот. Во зависност од пазарот за кој е наменет производот,
производителот мора да ја прилагоди својата технологија на производство на одреден
пакет на стандарди и во исто време да биде должен да ги почитува важечките закони
на земјата во која работи. Строгото придржување кон технологијата на производство е
многу важно, како за квалитетот на производот, така и за безбедноста на работниците
кои ја произведуваат опремата и безбедноста на крајните корисници.
Безбедност и квалитет се темелат на испитувања, како на материјалите, така и
на готовиот производ. Постојат доста техники за испитување и тестирање на
материјалите и опремата а со стандардите е пропишан начинот, периодот и обемот на
испитувањата. Испитувањата се вршат од производителите на материјалите и
производителите на опремата, додека записите за испитувањата мора да се
комплетираат и стават во официјална документација за секој дел од опремата.
Keywords:
Мерки, енергетски котили, безбедна работа.
