Застапеност на психолошкото во Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија

Citation APA 7:
Паскоска, А. (2021). Застапеност на психолошкото во Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Паскоска, А., 2021. Застапеност на психолошкото во Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

29.11.2021

Citation APA 7:
Паскоска, А. (2021). Застапеност на психолошкото во Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Паскоска, А., 2021. Застапеност на психолошкото во Законот за заштита на децата на Република Северна Македонија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Социјалната заштита е основата на сите човекови граѓански и социјални права.
Психолошкото во социјалната заштита е еден од круцијалните и суштински негови
аспекти, затоа што социјалната заштита не подразбира само социјална и егзистенцијална
добробит, туку и ментално здравје и добросостојба за што подобро и поквалитетно
севкупно функционирање на поединецот. Особено е значајна социјалната заштита на
децата затоа што тие се иднината на нашето општество. Темата на овој магистерски труд е
да се истражи застапеноста на психолошкото, менталното во законот за заштита на
децата. Идејата потекна од заклучокот дека психолошкото, т.е. појавите и состојбите од
психологијата на детето не се доволно застапени во законот за детска заштита.
Претпоставка на авторката е дека психолошкото е помалку застапено од социјалното,
педагошкото и егзистенцијалното во законот. Авторката смета дека тоа е така заради
недоволната свесност за значајноста на психолошкото во севкупната заштита и добробит
на детето и неговиот најдобар интерес. Со цел да се утврди точноста на хипотезата/те
употребен е метод на анализа на содржина на целиот текст на законот за заштита на
децата од аспект на постоењето на процентуална застапеност на четирите најважни
категории/варијабли: психолошко, социјално, егзистенцијално, педагошко. Потоа се
споредувани застапеностите на сите четири категории и се проверуваат хипотезите. Целта
на трудот е да ја прошири свесноста за важноста на психолошките елементи на законот и
неговата (не)доволна застапеност во истиот со цел таа состојба да се измени во секое
ново надополнување на законот

Keywords:

психолошко, социјално, егзистенцијално, педагошко, детска заштита