
Придонесот на процесот регрутирање во ефикасноста на организацијата
Citation APA 7:
Чешмеџиевска, Љ. (2021). Придонесот на процесот регрутирање во ефикасноста на организацијата [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Чешмеџиевска, Љ., 2021. Придонесот на процесот регрутирање во ефикасноста на организацијата. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Придонесот на процесот регрутирање во ефикасноста на организацијата |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.12.2021 |
Citation APA 7:
Чешмеџиевска, Љ. (2021). Придонесот на процесот регрутирање во ефикасноста на организацијата [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Чешмеџиевска, Љ., 2021. Придонесот на процесот регрутирање во ефикасноста на организацијата. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за економија и организација на претприемништвото.
Abstract
Еден од главните стратегиски ресурси во секоја современа организација се
луѓето. Затоа процесот на регрутација на кадри се вбројува во основните процеси и
зазема исклучително значајна улога во областа менаџмент со човечките ресурси.
Во современи услови на бизнис-релациите компетентните вработени
претставуваат клучен ресурс за постигнување успех на пазарот и остварување висока
конкурентност. Процесот регрутација на кадри е особено значаен бидејќи неговиот
краен исход е привлекување, обезбедување доволно заинтересиран, компетентен и
мотивиран кадар потребен за испразнетата работна позиција.
Успешноста на процесот регрутација во голема мера зависи од поставените
критериуми врз кои тој се потпира. Успешноста на процесот може да се согледа по
направената евалуација и по согледувањето на импликациите од регрутацијата врз
ефикасноста на работењето на организацијата.
Токму затоа за потребите на овој труд беше спроведено истражување на
случајни испитаници и за таа цел беше подготвен анкетен прашалник, којшто
содржи прашања што се однесуваат на процесот на регрутација и неговата јасност и
применливост и прашања што се однесуваат на ефикасноста во организацијата и
ефикасноста на вработените.
Во процесот на обработка на податоците, добиени од анкетирањето на
испитаниците, како методи се користени методот на анализа и методот на синтеза, а
резултатите беа статистички обработени и беше направена квантитативна и
квалитативна анализа. Статистичките податоци се претставени со пити, графикони и
табели, во проценти и во апсолутни броеви.
Резултатите од истражувањето ја потврдија важноста на процесот
регрутирање и неговото учество во севкупните крајни цели на организацијата
Keywords:
регрутација, регрутирање, човечки ресурси, стратегија, кадри,
ефикасност, организација;
