Полови разлики во однос на психосоматски симптоми кај возрасни

Citation APA 7:
Христова, И. (2021). Полови разлики во однос на психосоматски симптоми кај возрасни [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Христова, И., 2021. Полови разлики во однос на психосоматски симптоми кај возрасни. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

20.12.2021

Citation APA 7:
Христова, И. (2021). Полови разлики во однос на психосоматски симптоми кај возрасни [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Христова, И., 2021. Полови разлики во однос на психосоматски симптоми кај возрасни. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Во овој труд се испитуваат разликите во однос на психосоматски симптоми кај
возрасни лица од различен пол. Ова истражување е спроведено на примерок од 144
испитаници со просечна возраст од 40.4 години. Испитаниците се од градот Велес и
околните населени места. Инструмент користен во ова истражување е прашалникот
за самопроцена Корнел индекс (Cornell Medical Inventory). Согласно со наодите од
претходните истражувања кои се занимаваат со оваа тематика, беше претпоставено
дека жените се подепресивни од мажите, а резултатите од ова истражување ја
потврдија хипотезата. Втората хипотеза претпоставуваше дека жените имаат
поизразени фобични тенденции од мажите и наодите од ова истражување ја потврдија
и оваа хипотеза. Исто така, беше очекувана позитивна поврзаност помеѓу анксиозниот
синдром (анксиозност, фобичност, хиперсензитивност, депресивност и опсесивнокомпулсивни тенденции) и конверзивниот синдром (кардио-васкуларни,
инхибиторни, гастро-интестинални конверзивни реакции и хипохондриски
тенденции) и истото не беше целосно потврдено со наодите од ова истражување. Врз
основа на проучената литература,четвртата хипотеза претпоставуваше дека жените
имаат поизразени импулсивни тенденции од мажите, а резултатите ја потврдија
хипотезата и покажаа дека жените имаат поизразена импулсивност од мажите.
Петтата хипотеза претпоставуваше дека со зголемување на возраста, се зголемуваат
хиперсензитивноста и хипохондријатаи истото беше потврдено со наодите од ова
истражување. Шестата хипотеза претпоставуваше дека со зголемување на
анксиозноста се зголемуваат и опсесивно-компулсивните тенденции и инхибиторната
конверзија, а резултатите од ова истражување ја потврдија хипотезата. Седмата
хипотеза претпоставуваше дека испитаниците кои живеат во град имаат поизразени
фобични и хипохондриски тенденции од испитаниците кои живеат во село и
резултатите ја потврдија и оваа хипотеза.На крајот на трудот се сумирани предностите
и недостатоците на актуелното истражување и дадени се насоки за натамошни
истражувања во поглед на психосоматиката кај возрасните

Keywords:

ментално здравје, ментални нарушувања, психосоматски
симптоми, психосоматика, стрес, депресивност, анксиозност, возрасни