
Ефективноста на отпорноста, резилиентноста и превенцијата на депресија како последица на стресори предизвикани од пандемијата на COVID-19
Citation APA 7:
Софрониевска, Л. (2021). Ефективноста на отпорноста, резилиентноста и превенцијата на депресија како последица на стресори предизвикани од пандемијата на COVID-19 [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Софрониевска, Л., 2021. Ефективноста на отпорноста, резилиентноста и превенцијата на депресија како последица на стресори предизвикани од пандемијата на COVID-19. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 17.01.2022 |
Citation APA 7:
Софрониевска, Л. (2021). Ефективноста на отпорноста, резилиентноста и превенцијата на депресија како последица на стресори предизвикани од пандемијата на COVID-19 [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Софрониевска, Л., 2021. Ефективноста на отпорноста, резилиентноста и превенцијата на депресија како последица на стресори предизвикани од пандемијата на COVID-19. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Со почетокот на 2020 година, сè што сметавме дека е секојдневно и нормално,
исчезна од нашите животи. Брзиот ритам на живот, трката по заработувачка и
извршувањето на секојдневните обрски замре заради појава на пандемијата, па заради
сопствена безбедност бевме принудении да се затвориме дома, да го ограничиме
движењето, да оддржуваме физичка и социјална дистанца. Овие драстични промени на
начинот на живот, нужно влијаеа и на психичкиот живот на индивидуите, па затоа, како
тема на овој труд e избрaна резилиентноста и отпорноста, а последично на нив и
превенцијата на депресијата во контекст на пандемијата на COVID-19 во која живееме
последниве две години. Поспецифично, трудот се фокусира на превенција
на депресијата, која се јавува како последица од стресорите со кои се живее во услови
на пандемија. Минатата 2020тата година беше одбележана од пандемијата на COVID-19
која започна нагло и исто толку нагло го промени животот на луѓето низ целиот свет.
Одеднаш, многу стресори станаа дел од секојдневието; заканата по егзистенцијата (во
вид на смртоносна болест), финансиската нестабилност, затворањето на училиштата и
мерките за социјална дистанца. Сите овие фактори поставија нов предизвик за брза
адаптација кај луѓето и ги доведоа до еден вид на природен тест за нивната отпорност и
резилиентност. Поради различните начини на нејзино манифестирање и разноликоста
на симптомите, како и за да постои одредена хронологија, во трудов првично ќе се
разгледува депресијата според развојните фази на човекот, при што примарен фокус ќе
биде нејзината превенција и резилиентност во зрелоста. Во развојната фаза на зрелост,
ќе се направи и споредба помеѓу индивидуите кои веќе имаат искуство со одредена
психотерапија или советување за депресија и веќе имаат научено одредени техники и
интервенции за справување со стрес, и оние кои не биле никогаш на
советник/психолог/психијатар.
Keywords:
отпорност, превенција, депресија.
