Емоционална интелигенција и интерперсонални односи во период на адолесценција

Citation APA 7:
Досев, В. (2021). Емоционална интелигенција и интерперсонални односи во период на адолесценција [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Досев, В., 2021. Емоционална интелигенција и интерперсонални односи во период на адолесценција. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

17.01.2022

Citation APA 7:
Досев, В. (2021). Емоционална интелигенција и интерперсонални односи во период на адолесценција [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Досев, В., 2021. Емоционална интелигенција и интерперсонални односи во период на адолесценција. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Abstract

Емоционалната интелигенција стана жешка тема во психологијата во последниве
две декади. Многубројните истражувања укажуваат дека таа зазема рамноправно место со
другите психолошки конструкти кои што ce значаен предиктор за успешност во
професионалниот, личниот и социјалниот живот на индивидуата. Тоа придонесе да ce
развие верување дека коефицентот на емоционална интелигенција (EQ) можеби е поважен
од IQ и тој подобро го предвидува успехот во работата и животот, квалитетот на
интерперсоналните врски и целосната среќа на личноста. Една од специфичностите
поврзани со емоционалната интелигенција, која придонесува за зголемен интерес за овој
концепт, е сознанието дека со вежбање може да ce стимулира нејзиниот развој. Стручните
лица од областа на психологијата и сродните дисциплини создале специјални програми за
поттикнување на развојот на емоционалната интелигенција и осмислување стратегии со
кои индивидуите ќе можат да ce справат со социо-емоционалните проблеми. Некои од тие
програми ce превентивни и ce повеќе наменети за децата и адолесцентите.
А децата се тука, до нас, околу нас, и честопати во нас самите, ама одамна сме го изгубиле
детето во себе, сакајќи што побрзо да пораснеме, да престанеме да одиме на училиште, да
престанеме да учиме, да пишуваме домашна работа, да престанеме да бидеме деца уште
од мали, не слушајќи ги возрасните, дека всушност најубаво е да се биде дете . . . Или пак
и тоа не е денеска толку убаво, ако признаеме дека секојдневно се соочуваме со
тешкотиите на денешното созревање на децата, исполнето со осаменост, депресија, гнев,
нервоза, импулсивност и агресија … .

Keywords:

емоционална интелегенција, адолесценција.