Дисфункционалното семејство како предиктор за агресивно однесување на децата и нивната вклученост во врсничко насилство

Citation APA 7:
Ефтимовска, Ј. (2021). Дисфункционалното семејство како предиктор за агресивно однесување на децата и нивната вклученост во врсничко насилство [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Ефтимовска, Ј., 2021. Дисфункционалното семејство како предиктор за агресивно однесување на децата и нивната вклученост во врсничко насилство. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

03.02.2022

Citation APA 7:
Ефтимовска, Ј. (2021). Дисфункционалното семејство како предиктор за агресивно однесување на децата и нивната вклученост во врсничко насилство [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Ефтимовска, Ј., 2021. Дисфункционалното семејство како предиктор за агресивно однесување на децата и нивната вклученост во врсничко насилство. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Целта на овој магистерски труд е да се истражи влијанието на семејната средина како
фактор за појава на врсничко насилство, да се идентификува влијанието на дисфункционалното
семејство врз социо-емоционалниот развој на децата во училишна возраст и да се истражи
влијанието на полот и возраста врз појавата на врсничкото насилство.
За целите на оваа студија, беше спроведено истражување на машки и женски испитаници
меѓу 10 и 15 години во основните училишта во Делчево, РСМ. Предметите на истражувањето
беа, да се испита влијанието на деструктивниот однос на родителите врз однесувањето на децата
кои доаѓаат од дисфункционални семејства, да се направи споредба во однесувањето на децата
кои доаѓаат од функционални семејства и деца кои доаѓаат од дисфункционални семејства, да се
испита влијанието на полот и возраста на учесниците вршители на насилство и да се испита
влијанието на полот и возраста на жртвите на насилство.
Од резултатите од ова истражување, главната хипотеза беше потврдена – присутна е
значајна поврзаност помеѓу дисфункционалното семејство и агресивното однесување на децата
во однос на полот и возраста на децата.
Истражувањето покажа дека децата од машки пол обично се вклучуваат почесто во
некаков тип на врсничко насилство и дека тоа е позастапено кај децата со поголема возраст.
Понатаму, резултатите покажаа дека децата од дисфункционални семејства се однесуваат
поагресивно во однос на децата од функционални семејства, но и дека децата од
дисфункционални семејства се почесто се жртви на агресивно однесување. Студијата укажа дека
децата од женски пол се почесто се жртви на насилство, во однос на децата од машки пол

Keywords:

семејство, агресивно однесување. деца.