Примена на Гешталт терапија за време на пандемија

Citation APA 7:
Лазарова, В. (2022). Примена на Гешталт терапија за време на пандемија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Лазарова, В., 2022. Примена на Гешталт терапија за време на пандемија. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

06.05.2022

Citation APA 7:
Лазарова, В. (2022). Примена на Гешталт терапија за време на пандемија [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“].

Citation Harvard:
Лазарова, В., 2022. Примена на Гешталт терапија за време на пандемија. Магистерски труд. Свети Николе: Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Целите на гешталт феноменолошката анализа се: свесноста, процесот на
освестување, тераписката работа „овде и сега“ и експериментирање, со што личноста
може да дојде до увид, промена и раст.
Во трудот јасно се нагласува и важноста на развојот на самосвесноста на
клиентот и личната одговорност, преку употреба на сложениот психолошки систем.
Истакната е и важноста на феноменолошкиот метод на свесност, според кој
перципирањето, чувствувањето и однесувањето, всушност, се разликуваат од
интерпретацијата и реконструкцијата на веќе постоечките ставови.
Во истражувањето акцентот е ставен на целта на Гешталт терапијата, а тоа е да
се подигне свесноста на клиентите во однос на тоа како тие функционираат во нивната
животна средина. Фокусот на терапијата е повеќе на она што се случува, отколку на
она што се дискутира. Се смета дека доколу се подигне свесноста на клиентите, тие ќе
бидат подготвени за најважните настани во нивниот живот и нивната животна средина
со целосна сензомоторна, емоционална, когнитивна и енергетска поддршка.
Гешталт терапијата е ефикасна, позитивна и хуманистичка терапија. Таа им
помага на клиентите и терапевтите да станат одговорни за сопствените искуства и да
експериментираат со нови начини на однесување и размислување. Таа им помага да ги
практикуваат и целосно да ги искусуваат клучните моменти и емоции во животот.
Свесноста за клучните теми или обрасци ги охрабрува практичарите и клиентите да
станат вистински и поотворени за транзиција или промена, посебно за време на
глобална пандемија, како што е пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, која
не ја заобиколи ниту нашата држава.

Keywords:

Гешталт терапија, клиент, психотерапевт, пандемија, онлајн
психотерапија