
Улогата на когнитивно-бихевиорална терапија во третманот на анксиозноста во јавната администрација во Р. Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати
Citation APA 7:
Димовска, Т. (2022). Улогата на когнитивно-бихевиорална терапија во третманот на анксиозноста во јавната администрација во Р. Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Димовска, Т., 2022. Улогата на когнитивно-бихевиорална терапија во третманот на анксиозноста во јавната администрација во Р. Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 08.03.2022 |
Citation APA 7:
Димовска, Т. (2022). Улогата на когнитивно-бихевиорална терапија во третманот на анксиозноста во јавната администрација во Р. Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати [Магистерски труд, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“].
Citation Harvard:
Димовска, Т., 2022. Улогата на когнитивно-бихевиорална терапија во третманот на анксиозноста во јавната администрација во Р. Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.
Abstract
Светската здравствена организација карактеризира дека пропорцијата на глобалната
популација со анксиозни пореметувања е 3.6%. Како и со другите пореметувања, кај
жените пропорционално се појавува многу повеќе отколку кај мажите. Од
естимацијата на светската здравствена организација бројот на луѓе кои патат од
анксиозни пореметувања се 264 милиони. Потребата да се направат истражувања за
нивото на анксиозност во јавната администрација и влијанието на менталното здравје и
продуктивноста во работењето е неопходна.
Во првиот дел од трудот фокусот е ставен на опширно објаснување и дефинирање на
анксиозните пореметувања како и влијанието на работното место, факторите кои
допринесуваат за зголемување или намалување на анксиозноста кај вработените во
јавна администрација и последиците од занемарувањето на факторите кои
придонесуваат за зоглемување на анксиозноста на работното место во државната
администрација.
Емпириското истражување, односно анкетата која е искористена во овој труд е
спроведена во различни гранки на државната јавна администрација во двете земји, со
цел да се направи споредба помеѓу два различни система и да се извлечат позитивни
заклучоци кои ќе поттикнат разговор и понатамошни истражувања и мерки кои ќе
придонесат за општото подобрување на условите на работното место и подобрување на
менталната состојба на вработените во јавната администрација. Во анкетата учествуваа
106 испитаници по случаен избор од двете земји од различни гранки на државната
јавна администрација. Обработените резултати од истражувањето укажуваат на
воочлива разлика помеѓу вработените во јавната администрација во двете земји како и
разликите во полот и степенот на стаж. Кај двете групи постои големо ниво на
свесност за анксиозните нарушувања и нивниот ефект на долгорочен план во
приватниот и професионалниот живот.
Keywords:
анксиознот, администрациј, терапија.
