
Дигиталниот маркетинг во банкарскиот сектор во услови на пандемија
Citation APA 7:
Начов, А. (2022). Дигиталниот маркетинг во банкарскиот сектор во услови на пандемија [Магистерска работа, Меѓународен Славјански Универзитет].
Citation Harvard:
Начов, А., 2022. Дигиталниот маркетинг во банкарскиот сектор во услови на пандемија. Магистерска работа. Свети Николе: Меѓународен Славјански Универзитет.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Дигиталниот маркетинг во банкарскиот сектор во услови на пандемија |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 13.04.2020 |
Citation APA 7:
Начов, А. (2022). Дигиталниот маркетинг во банкарскиот сектор во услови на пандемија [Магистерска работа, Меѓународен Славјански Универзитет].
Citation Harvard:
Начов, А., 2022. Дигиталниот маркетинг во банкарскиот сектор во услови на пандемија. Магистерска работа. Свети Николе: Меѓународен Славјански Универзитет.
Abstract
Еволутивниот развој на дигиталните технологии и решенија во последната деценија,
доведоа до нивна имплементација во речиси сите сфери на општеството. Имајќи ги во
предвид сите предности на дигиталните технологии, нивната примена во банкарскиот
сектор беше неопходна. Ваквиот развој на дигиталните технологии им овозможи на
банките да обезбедат значително поголема лепеза на банкарски услуги, градејќи нова,
посилна и поблиска интеракција со нивните клиенти. И покрај ваквиот еволутивен развој
на дигиталните технологии ширум светот, имајќи ги во предвид традициите на
домашното население во однос на примена на иновативни идеи и решенија, мора да се
напомене дека во нашата земја развојот и примената на дигиталните технологии не беше
во чекор со светските глобални трендови. Не откажувајќи се од своите долгогодишни
традиции, домашното население не ги прифати дигиталните технологии така едноставно.
Сепак како резултат на пандемијата, во последните две години домашното население беше
принудено да се навикне на користење на сите дигитални сервиси и решенија кои ги нудат
банките. Домашното население се соочи со страв од непознатото (како негативен исход на
пандемијата) од една страна како и со лепеза на мерки донесени од страна на надлежните
органи како што се држењето на социјална дистанца, носењето на заштитна маска и
ракавици, задолжителната дезинфекција, вакцинацијата на населението, редуцирањето на
слободата на движењето итн, од друга. Овие причини го принудија домашното население
да за многу кратко време се приспособи на дигиталните технологии и нивната примена во
банкарскиот сектор. Зголемената примена на дигиталните технологии, економските мерки
препорачани од владата, симболичната каматна стапка за депозитите, зголемената камата
на негативните салда итн, им овозможија на банките да бидат еден од секторите (покрај
фармацијата) кои бележат значителен профит за време на пандемија.
Keywords:
дигитален маркетинг, традиционално и дигитално банкарство, банки,
клиенти, услуги, продукти, социјални медиуми, пандемија, COVID-19, профит.
