Полиграфско тестирање – современи предизвици

Citation APA 7:
Каришик, М. (2022). Полиграфско тестирање – современи предизвици [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет].

Citation Harvard:
Каришик, М., 2022. Полиграфско тестирање – современи предизвици. Магистерски труд. Скопје: Меѓународен Славјански Универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

23.02.2022

Citation APA 7:
Каришик, М. (2022). Полиграфско тестирање – современи предизвици [Магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет].

Citation Harvard:
Каришик, М., 2022. Полиграфско тестирање – современи предизвици. Магистерски труд. Скопје: Меѓународен Славјански Универзитет.

Abstract

Полиграфското тестирање се користи во нашата држава бидејќи неговата
примарна намена е да се утврди вистината кај секој испитаник што ќе прифати да
направи полиграфско тестирање. Полиграфот се користи за утврдување факти и
околности кои карактеризирале одреден настан или дејство што се случило, а е
направено од едно или повеќе лица, односно за дефинирање на улогата на лицето или
група лица што ја имале во конкретниот настан и утврдување на начинот и дејството
што го презеле во даден момент на дадено место.
Во последниве години, интересот и довербата на судовите и јавните
обвинителства во полиграфската експертиза бележи неоспорен раст, со цел проверка
на вистинитоста на тврдењата на странки во постапката, како и за помош при
расветлување кривични дела за кои се води предистражна и истражна постапка. По ова
прашање, вреди да се даде поголемо значење, со цел соодветна елаборација за тоа што
претставува полиграфското тестирање и каде е неговото место во правниот поредок на
државата.
Полиграфот, иако доста често го сретнуваме и како детектор за лаги,
претставува средство за утврдување на вистинитоста и точноста на еден исказ, меѓутоа
тој не ги открива непосредно лажните одговори на тестираните лица, туку емоциите на
страв и возбуда, коишто обично ги следат лажните одговори. Така, за да оцениме колку
полиграфот е веродостојно средство за да се постави дијагноза за вината или
невиноста, односно за да можеме да ја разбереме смислата на полиграфското
тестирање на едно лице, прво ќе се задржиме и ќе ги објасниме основните поставки врз
коишто полиграфот се заснова и врз коишто тој всушност функционира, неговиот
поим, како и како може да се употреби, каде и кој го употребува, а и ќе ја изразиме
неговата вредност во самиот тек на една постапка.

Keywords:

кривична постапка, обвинет, право, испитување, лаги,
откривање, полиграф, полиграфско тестирање