Примена на когнитивно-бихејвиоралната психотерапија во односот родител – дете при справување со емоциите кај децата од рана училишна возраст

Citation APA 7:
Ѓуроска, А. (2022). Примена на когнитивно-бихејвиоралната психотерапија во односот родител – дете при справување со емоциите кај децата од рана училишна возраст [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Citation Harvard:
Ѓуроска, А., 2022. Примена на когнитивно-бихејвиоралната психотерапија во односот родител – дете при справување со емоциите кај децата од рана училишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Свети Николе.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

06.05.2022

Citation APA 7:
Ѓуроска, А. (2022). Примена на когнитивно-бихејвиоралната психотерапија во односот родител – дете при справување со емоциите кај децата од рана училишна возраст [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија.

Citation Harvard:
Ѓуроска, А., 2022. Примена на когнитивно-бихејвиоралната психотерапија во односот родител – дете при справување со емоциите кај децата од рана училишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за психологија, Свети Николе.

Abstract

Семејството е примарна општествена заедница, а како такво истото е двигател на
развојот на неговите членови и темел каде се создава идентитетот на секој член како
засебна индивидуа. Во рамките на семејството членовите воспоставуваат односи и
интеракции, коишто подоцна даваат една слика за тоа во какви личности се развиле
помладите членови, односно децата, а во исто време за какви родители станува збор и кои
воспитни стилови тие ги применувале при растот и развојот на своите деца. Клучна улога
при градењето на соодветен однос на релација родител – дете има емоционалниот живот
на децата во раната училишна возраст, што претставува основа за тоа во какви социо-
емоционални личности ќе се изградат децата во нивниот подоцнежен живот.
Родителството претставува секојдневна интеракција на родителот со своето
дете/деца, која интеракција во себе вклучува нега, грижа, љубов, насочување, посветеност.
Во оваа интеракција, емоциите кај децата во раната училишна возраст се од исклучителна
важност за нивниот понатамошен когнитивно-бихевиорален развој. Тоа е така бидејќи
родителството е динамична животна улога со долгорочни цели – еднаш родител,
засекогаш родител. Родителството постои, живее и станува безвременска вредност за
родителот, а тоа е така бидејќи детето е постојано во мислите на родителот, дури и кога
тоа ќе замине од родителскиот дом. Оваа симбиотска врска никогаш не се прекинува, а од
неа зависи какви емоции ќе се изградат, какви емоции ќе се негуваат, надоградуваат и
развиваат во текот на целиот живот, кои остануваат како трајна вредност во карактерот и
темпераментот на детето.
Животот во семејството е мошне динамичен процес, дури и непредвидлив, бидејќи
многу често ненадејно се случуваат неочекувани и непланирани настани. Самиот развоен
процес на децата во семејството е непредвидлив, па често родителите и не знаат како да се
соочат и справат со одредени однесувања на своите деца. Клучна улога има
емоционалната состојба на сите членови во семејството. За таа цел, доколку родителите не
можат и не знаат како да се носат со одредени емоционални однесувања кај своите деца во
раната училишна возраст, постојат бројни начини за барање помош од стручни лица. Еден
од тие начини е барањето на психотерапевтска помош и поддршка. Когнитивно-
бихевиоралната психотерапија е мошне моќна техника за помош при справување со
емоциите кај децата од рана училишна возраст. Когнитивно-бихевиоралната
психотерапија е облик на психотерапевтски правец кој ја нагласува важноста на улогата
на мислењето за тоа што го чувствуваме и како се однесуваме.
Клучни зборови: родител, дете од рана училишна возраст, емоции, когнитивно-
бихевиорална психотерапија
3

Keywords:

родител, дете од рана училишна возраст, емоции, когнитивно-
бихевиорална психотерапија