Детерминанти на небезбедно однесување кај вработените во градежната индустрија

Citation APA 7:
Иванова, И. (2022). Детерминанти на небезбедно однесување кај вработените во градежната индустрија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Citation Harvard:
Иванова, И., 2022. Детерминанти на небезбедно однесување кај вработените во градежната индустрија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство, Свети Николе.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

15.06.2022

Citation APA 7:
Иванова, И. (2022). Детерминанти на небезбедно однесување кај вработените во градежната индустрија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство.

Citation Harvard:
Иванова, И., 2022. Детерминанти на небезбедно однесување кај вработените во градежната индустрија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, Факултет за безбедносно инженерство, Свети Николе.

Abstract

И покрај подобрувањата на безбедноста во градежништвото кои се случија во текот
на последните неколку децении, сепак, повреди и фатални несреќи во оваа индустрија се
случуваат на редовна основа. Во такво опкружување, разбирањето на тоа како вработените
во градежништвото ги процесираат информациите за ризиците игра важна улога во
превенцијата на несреќите. Сеопфатниот преглед на литературата покажува дека
толеранцијата на ризик, перцепцијата на ризик и перцепцијата на безбедна клима играат
важна улога во ризичното однесување. Целта на ова истражување е да се испитаат ефектите
на толеранцијата на ризик, перцепцијата на ризик и на безбедна клима врз небезбедното
однесување на градежните работници и вклученоста во управувањето со безбедноста при
работа на нивните менаџери. Примерокот го сочинуваат 60 работници и 20 менаџери од
градежната индустрија вработени во мали до средни градежни компании. За собирање на
податоците применети се Прашалник за перцепција на ризик, Прашалник за толеранција на
ризик, Прашалник за безбедна клима, Прашалник за небезбедно однесување и Прашалник
за вклученост во управувањето со безбедноста. Добиените резултати покажаа дека постојат
разлики помеѓу градежните работници и менаџерите во однос на перцепцијата на ризик,
толеранцијата на ризик и перцепцијата на безбедна клима, помеѓу градежните работници
со различен степен на небезбедно однесување, односно менаџерите со различен степен на
вклученост во управувањето со безбедноста при работа, во однос на перцепцијата на ризик,
толеранцијата на ризик и перцепцијата на безбедна клима и постои поврзаност помеѓу
перцепцијата на ризик, толеранцијата на ризик и перцепцијата на безбедна клима и
небезбедното однесување на работниците, односно, вклученоста во управувањето со
безбедноста при работа кај менаџерите во градежната индустрија. Резултатите се во
согласност со резултатите од други истражувања во стручната литература.

Keywords:

Безбедност во градежништво, перцепција на ризик, толеранција на
ризик, перцепција на безбедна клима, небезбедно однесување, вклученост во управување
со безбедноста