Последици од надворешно насилство на работното место кај обезбедувачите

Citation APA 7:
Ацевска Ѓошевска, М. (2022). Последици од надворешно насилство на работното место кај обезбедувачите [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Ацевска Ѓошевска, М., 2022. Последици од надворешно насилство на работното место кај обезбедувачите. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

22.11.2022

Citation APA 7:
Ацевска Ѓошевска, М. (2022). Последици од надворешно насилство на работното место кај обезбедувачите [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Ацевска Ѓошевска, М., 2022. Последици од надворешно насилство на работното место кај обезбедувачите. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Обезбедувачите се изложени на посебен ризик од напади на работното место. Иако
инцидентите со насилство на работното место и безбедносната индустрија растат, малку се
знае за тоа какво влијание има доживеаното насилство врз нив. Следствено, ова
истражување се фокусира на тоа што значи доживувањето на насилство на работното место
емоционалната благосостојба и физичкото здравје на обезбедувачите, нивната афективна
посветеност на организацијата и намерата за напуштање на работата. Истражувачкиот
примерок го сочинуваат 40 испитаници на возраст до 50 години и работен стаж во
сегашната професија кој не е помал од една година. За собирање на податоците користени
се прашалници за: насилни настани на работно место, веројатност на идни насилни настани,
за страв од идни насилни настани, за емоционална состојба, за физичка здравствена состојба
за афективна посветеност на организацијата и за намера за напуштање на работата.
Добиените резултати покажаа дека обезбедувачите кои почесто доживувале насилни
настани на работното место перцепираат поголема веројатност на идни насилни настани,
имаат поголем страв од идни насилни настани, полош квалитет на емоционалната состојба,
повеќе проблеми со физичкото здравје, пониско ниво на афективна посветеност на
организацијата и поголема намера за напуштање на работата во споредба со обезбедувачите
кои доживеале помал број на насилни настани. Исто така добиените резултати покажаа дека
постои позитивна поврзаност помеѓу честотата на доживеано насилство на работното место
и перцепцијата на веројаност на идни насилни настани, стравот од идни насилни настани,
проблемите со физичкото здравје и намерата за напуштање на организацијата и негативна
поврзаност на честотата на доживеано насилство на работното место со квалитетот на
емоционална состојба кај обезбедувачите и нивната намера за напуштање на работата.

Keywords:

обезбедувачи, насилство на работно место, психофизички
последици, афективна посветеност на организацијата, намера за напуштање на работата