
Развој на нови меѓународни менаџмент практики во банкарските институции во услови на кризи
Citation APA 7:
Христоска, Е. (2022). Развој на нови меѓународни менаџмент практики во банкарските институции во услови на кризи [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Христоска, Е., 2022. Развој на нови меѓународни менаџмент практики во банкарските институции во услови на кризи. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Развој на нови меѓународни менаџмент практики во банкарските институции во услови на кризи |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 29.10.2022 |
Citation APA 7:
Христоска, Е. (2022). Развој на нови меѓународни менаџмент практики во банкарските институции во услови на кризи [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Христоска, Е., 2022. Развој на нови меѓународни менаџмент практики во банкарските институции во услови на кризи. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Овој магистерски труд е обид за дефинирање на финансиските кризи и
одговорот на финансискиот и банкарскиот систем со новите практики за работа во
услови на кризи. Како дел од факторите кои се јавуваат пред појавата на финансиски
кризи се зголемувањето на заемите на капитал, слабата ликвидност, брзиот раст на
продажба на капиталот со што доаѓа до нагло намалување на вредноста на истиот.
Согласно моментот и местото каде се појавуваат како и делот од економијата каде
настануваат кризите се разликуваат едни од други. Но појавата на Глобалните
Финансиски кризи (GFC – Global Financial Crisis) зазема ефект на севкупното работење
на финансиските системи а со тоа и на банкарските системи. За намалување или
успешно менаџирање со ефектите од овие кризи потребни се одредени реформи како
во банкарскиот систем така и во глобалниот финансиски систем. Улогата на државата
во ваквите моменти е потребна особено во нејзино ангажирање за ликвидноста на
националните банкарски системи. Во овој момент незанемарлива е и улогата на
појавата на странските банки во националните финансиски системи. Оваа појава како
Глобално банкарство има потреба да биде регулирана со одредени регулативи кои би
го третирале работењето на банките и трансакциите на средства преку границите. За
тоа се потребни и структурални промени во глобалниот финансиски систем.
Најактуелна е кризата во економијата на глобално ниво со Пандемијата на COVID-19
што има огромен импакт на комплетното работење на сите сегменти во економијата.
Keywords:
Глобални финансиски кризи, Глобално банкарство, Менаџмент Практики, Финансиски
систем, Структурни промени
