логата на вработените во заштитата на животната средина како и заштитата и безбедноста при работата во хидроцентралата „Козјак“

Citation APA 7:
Лазароски, С. (2022). Улогата на вработените во заштитата на животната средина како и заштитата и безбедноста при работата во хидроцентралата „Козјак“ [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Лазароски, С., 2022. Улогата на вработените во заштитата на животната средина како и заштитата и безбедноста при работата во хидроцентралата „Козјак“. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Citation APA 7:
Лазароски, С. (2022). Улогата на вработените во заштитата на животната средина како и заштитата и безбедноста при работата во хидроцентралата „Козјак“ [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Лазароски, С., 2022. Улогата на вработените во заштитата на животната средина како и заштитата и безбедноста при работата во хидроцентралата „Козјак“. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Безбедноста и здравјето при работа претставуваат создавање на
работни услови во кои се носат конкретни активности и мерки кои што се
насочени кон заштита на здравјето и животот на вработените како и на
другите лица кои имаат право на тоа. Секое општеството има интерес, да се
постигне највисоко ниво на безбедност и здравје при работа на секој
поединец и на сите субјекти, како и да се минимизираат несаканите
последици како што се професионалните болести, болестите кои се
поврзани со работата како и истовремените повреди на работа.
За да се постигне ваквата цел, потребен е систематски пристап во
поглед на превентивно делување за заштитата при работа, но и носење на
конкретни стандарди, правила и мерки кои се однесуваат на работните
услови. Исто така потребна е и постојана грижа за соодветно усогласување
со социо-економскиот и технолошкиот развој се со цел да се подобри
безбедноста и здравјето на вработените. Средствата за работа, условите за
работа, како и организацијата на работата пред се потребно е да бидат
соодветни и да ги задоволат потребите на вработените. Во исто време
вработените лица мора да бидат мотивирани за да можат активно да се
вклучат во севкупните активности.
Безбедноста и заштитата при работа, како и зачувувањето,
заштитата, и унапредувањето на животната средина, како и потребата да се
промовира одржливиот развој согласно принципите на одржливост кои
произлегуваат од Националната стратегија за одржлив развој на Република
Северна Македонија е основна потреба за сите вработени лица во
хидроелектраните.

Keywords:

безбедност, здравје, животна средина