Особините на личноста и мотиви за пиење кај зависниците од алкохол

Citation APA 7:
Симоновска Петровска, С. (2022). Особините на личноста и мотиви за пиење кај зависниците од алкохол [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Симоновска Петровска, С., 2022. Особините на личноста и мотиви за пиење кај зависниците од алкохол. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

28.12.2022

Citation APA 7:
Симоновска Петровска, С. (2022). Особините на личноста и мотиви за пиење кај зависниците од алкохол [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Симоновска Петровска, С., 2022. Особините на личноста и мотиви за пиење кај зависниците од алкохол. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Целта на ова истражување е да се испитаат особините на личноста кај зависниците
од алкохол, утврдување на мотивите за пиење и да се процени нивната меѓусебна
поврзаност. Истовремено беа испитани социодемографските карактеристики кај
зависниците од алкохол кои беа дел од нашиот примерок на испитување.
Примерокот се состоеше од една групa испитаници (вкупно 59), кои се зависници
од алкохол, а од нив 21 се од женски пол и 38 од машки пол, на возраст од 21 до 65
години.
Димензиите на личноста се дефинирани врз основа на современите психолошки
теоретски модели – Моделот на личност со пет фактори на Costae и McCrae, NEO PI-R
Прашалник заснован на моделот на личност со пет фактори (невротицизам, екстраверзија,
отвореност, соработка и совесност), Прашалник за мотивација за употреба на алкохолни
пијалаци DMQ-R (Cooper, 1994), како и Прашалник со социодемографски податоци за
испитување на поврзаноста на релевантните варијабли со димензиите на личноста на
испитаниците зависници од алкохол. Истражувањето е спроведено во директен контакт со
испитаниците.
Најважните резултати од ова истражување се однесуваат на податоците во однос на
димензиите на личноста на лицата зависни од алкохол. Откриена е висока присутност на
невротските карактеристики на зависниците од алкохол. Најистакнати мотиви за
консумација на алкохол се покажаа мотивите на соочување и социјалните мотиви.
Утврдена е статистистички значајна поврзаност на доменот на невротицизам и соочување,
како најзначајни предиктори во проблематичната употреба на алкохол и развој на
алкохолизам.
Ова истражување го потврди постоењето на специфичност во однос на димензиите
на личноста помеѓу зависниците од алкохол, што може значително да се имплементира на
полето на разбирање на причините за развој на зависност, а со тоа и превенција и третман.

Keywords:

личност, особини на личност, алкохолизам и мотиви за пиење