Абортусот од етичка, правна и традиционална димензија

Citation APA 7:
Стојанова, Т. (2022). Абортусот од етичка, правна и традиционална димензија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојанова, Т., 2022. Абортусот од етичка, правна и традиционална димензија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

16.02.2023

Citation APA 7:
Стојанова, Т. (2022). Абортусот од етичка, правна и традиционална димензија [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Стојанова, Т., 2022. Абортусот од етичка, правна и традиционална димензија. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Абортусот е медицинска процедура која има значителни социјални и правни
конотации. Повеќе од која било друга медицинска процедура, абортусот покренува значајни
прашања во врска со потеклото на човечкиот живот и степенот на слобода што жената треба
да ја има во однос на последиците од сексуалниот однос и зачнувањето. Абортусот влијае
на општественото значење на плодноста и стапката на наталитет во одредена земја. Улогата
на лекарот варира. Во зависност од важечките закони, лекарот може правилно да ги
опслужува здравствените потреби на пациентот или може да ги заобиколува законите,
донесени од одредена земја, кои забрануваат абортус. Поради тоа, понекогаш има
противправно извршување на абортус.
Жените отсекогаш го користеле абортусот како средство за контрола на раѓањето.
Ако самите не одлучат дали сакаат или не сакаат да имаат деца, ќе им биде многу тешко да
воспостават контрола врз нивните животи и да учествуваат подеднакво во општеството.
Правото на легален и безбеден абортус им помага на жените да управуваат со нивните
животи. Жените од различни возрасти, раси, религии, економски и брачен статус, сексуални
преференции, одлучуваат да абортираат поради многу причини. Жената може да забремени
поради употреба на несоодветни контрацептивни средства или поради незнаење и
неинформираност. Бидејќи ниту еден метод на контрацепција не е 100 % безбеден,
абортусот е можност и избор во случаи кога контрацепцијата не успеала.
Причини за абортус може да бидат и сериозни генетски нарушувања на фетусот.
Бременоста може да биде резултат на силување, инцест или други видови на сексуално
насилство кои се вообичаени во општеството. Младите жени се особено ранливи на
сексуални притисоци поради недоволното сексуално образование. Тешко е да се одлучат
дали да се породат или да абортираат. Ваква одлука треба да се донесе во согласност со
разбирање за одговорноста, моралот, да го изберат најдоброто за себе и за луѓето кои им се
важни во животот, сѐ во зависност од сопствените потреби, ресурси, обврски и очекувања.
Недозволиво е да се присилува жената да забремени и да има деца доколку таа не сака

Keywords:

абортус, правна димензија, жени.