Користење на современа биосензорска технологија за истражување на јавното мислење

Citation APA 7:
Петков, Т. (2023). Користење на современа биосензорска технологија за истражување на јавното мислење [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Петков, Т., 2023. Користење на современа биосензорска технологија за истражување на јавното мислење. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

18.10.2023

Citation APA 7:
Петков, Т. (2023). Користење на современа биосензорска технологија за истражување на јавното мислење [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет.

Citation Harvard:
Петков, Т., 2023. Користење на современа биосензорска технологија за истражување на јавното мислење. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет.

Abstract

Во текот на последните неколку години е формирана една нова област на
инженерската наука чии продукти најверојатно ќе создадат голем пазар во блиска
иднина. Таа област е наречена “биометрика”.
Биометриката се однесува на долгогодишната грижа за непобитно
докажување на нечиј идентитети, користејќи го тоа што луѓето ги прави
различни.Уште во праисторијата луѓето веќе имале чуство дека индивидуалните
карактеристики како што се цртите на прстите им биле доволни за да ги
идентификуваат, додека тие се “потпишувале” со прстите. Природата создала
човечки суштества со различни карактеристики каде што може да се разликуваат
една од друга личност. Ова својство го користи биометриската технологија за да
се идентификува секоја личност.
Биометрискиот систем во суштина е систем за препознавање шаблони кој
го препознава корисникот со одредување на автентичноста на одредена
физиолошка карактеристика или карактеристиката на однесувањето што ја
поседува корисникот.
При дизајнирањето на еден практичен биометриски систем неколку
прашања треба да се земат во предвид. Прво, корисникот мора да биде запишан
во системот за да може да се сними неговиот биометриски образец. Овој шаблон
е безбедно зачуван во централната база на податоци, па шаблонот се презема
кога ќе треба да се идентификува поединецот.
Во зависност од контекстот, биометрискиот систем може да работи или во
автентикација или во режим на идентификација. Биометриката се однесува на
автоматска идентификација на личноста врз основа на неговите, односно на
нејзините физиолошки карактеристики или карактеристиките на однесувањето.

Keywords:

технологија, биосензорска, мислење.