
Анксиозност и ноќно мокрење кај деца
Citation APA 7:
Гацова, В. (2023). Анксиозност и ноќно мокрење кај деца [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Гацова, В., 2023. Анксиозност и ноќно мокрење кај деца. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 11.04.2023 |
Citation APA 7:
Гацова, В. (2023). Анксиозност и ноќно мокрење кај деца [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Гацова, В., 2023. Анксиозност и ноќно мокрење кај деца. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Енурезата, често наречена мокрење во кревет или мокрење во сон, е чест
проблем кај децата по петгодишна возраст и може да доведе до симптоми како што се:
инфекција, инконтиненција и почесто мокрење, а исто така и психолошки проблеми1.
Примарната ноќна енуреза е чест проблем кај децата на училишна возраст. Овој
проблем се однесува на состојбата во која детето после петгодишна возраст нема
контрола на урината во текот на шест континуирани месеци и тоа не може да се
припише на никакви органски фактори или употреба на медикаменти2. Оттука извира
проблемот на психолошките аспекти на ноќното мокрење, кое е тема на емпириското
истражување.
Истражувањето со цел дескрипција на проблемот на анксиозност и ноќно
мокрење, има за задача да увиди на која возраст најчесто се јавува овој проблем,
половата распределба на појавата, кои се најзастапени фактори за појава на проблемот,
дали анксиозноста има влијание кај децата за појавата на ноќно мокрење, и на крај, во
која мера родителите бараат лекарска и психолошка помош во врска со овој проблем.
Согледаните резултати се основа за предлози и сугерстии на надминување на
состојбата.
Keywords:
анксиозност, деца, ноќно мокрење
