
Влијанието на социјално-емоционалната интелигенција и сексуалната интелигенција врз религиозноста во периодот на доцна адолесценција
Citation APA 7:
Ристова, В. (2023). Влијанието на социјално-емоционалната интелигенција и сексуалната интелигенција врз религиозноста во периодот на доцна адолесценција [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Ристова, В., 2023. Влијанието на социјално-емоционалната интелигенција и сексуалната интелигенција врз религиозноста во периодот на доцна адолесценција. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 11.04.2023 |
Citation APA 7:
Ристова, В. (2023). Влијанието на социјално-емоционалната интелигенција и сексуалната интелигенција врз религиозноста во периодот на доцна адолесценција [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Ристова, В., 2023. Влијанието на социјално-емоционалната интелигенција и сексуалната интелигенција врз религиозноста во периодот на доцна адолесценција. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Ова истражување има за цел да ја испита поврзаноста меѓу социјално-емоционалната
интелигенција, сексуалната интелигенција и религиозноста кај адолесценти (N=28, од кои
15 женски и 13 машки) од 18 и 19 години во Струмица. Истражувањето беше спроведено
преку електронско задавање на инструментите, а примерокот беше пригоден. Применети
беа инструментите: Тест за емоционалната интелигенција изработен од Радмила Ѓокич,
Тест за сексуалната интелигенција на Д-р Јован Мариќ и Скала за мерење на центрирана
религиозност (CRS) формирана од авторите Хубер и Одило.
Резултатите за хипотезата на ова истражување се добиени од тестирање на три субхипотези. Со тестирање на првата суб-хипотеза, резултатите покажаа дека постои
статистички значајна позитивна поврзаност помеѓу социјално-емоционалната
интелигенција и религиозноста. Со тоа, суб-хипотезата 1.1 се отфла. Резултатите од
тестирањето на суб-хипотезата 1.2 покажаа дека не постои статистички значајна
поврзаност меѓу сексуалната интелигенција и религиозноста кај овој примерок на
испитаници. А со тоа се отфрли и втората суб-хипотеза. Суб-хипотеза 1.3 ја испитуваше
поврзаноста на социјално-емоционалната интелигенција и сексуалната интелигенција кај
лицата од машки и женски пол, која исто така беше отфрлена. Поради тоа, хипотезата на
ова истражување, според која “адолесцентите со висока социо-емоционална и сексуална
интелигенција се помалку религиозни од адолесцентите со ниска социо-емоционална и
сексуална интелигенција”, се отфрла.
Keywords:
социјална интелигенција, емоционална интелигенција, социјалноемоционална интелигенција, сексуална интелигенција, религиозност, период на доцна
адолесценција.
