
Компаративен осврт на казнено-правниот систем на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави
Citation APA 7:
Трајков, А. (2023). Компаративен осврт на казнено-правниот систем на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Трајков, А., 2023. Компаративен осврт на казнено-правниот систем на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 12.04.2023 |
Citation APA 7:
Трајков, А. (2023). Компаративен осврт на казнено-правниот систем на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Трајков, А., 2023. Компаративен осврт на казнено-правниот систем на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Законитоста во определувањето на кривичните дела и на пропишувањето на
кривичните санкции значи дека на никого не може да му биде изречена казна или друга
кривична санкција за дело кое, пред да е сторено, не било со закон или со меѓународните
договори ратификувано како кривично дело согласно со Уставот на Република Северна
Македонија и за кое не била пропишана казна со закон. Ова е еддна од премисите врз која
почива системот на казненото право во Република Северна Македонија и прв член од
Кривичниот Законик.
Компарацијата на казненото право на Република Северна Македонија, неговата
еволуција низ годините со останати казнени системи и правни системи воопшто, ни ја
дава големата слика за вистинската ефикасност на пенетенцијарниот систем. Без
компарацијата, а со тоа и компаративното право, еден правен систем не би можел да се
развива и усовршува. Најчесто правните системи се споредуваат со правни системи на
држави кои во својот развој се понапредни од основниот систем и тогаш доаѓаме до
следни точки за подобрување на истиот. Во магистерскиот труд казнениот систем на
Република Северна Македонија ќе биде спореден со казнениот систем на Соединетите
Американски Држави. Големите различности се вредни за согледување како
импровизирачки ситуации, анализирање на позитивната правна рамка и практичните
примери. Казнениот систем на Соединетите Американски држави важи за напреден и
еминентен систем, кој изобилува со бројни позитивни пракси, континуиран напредок во
законската рамка на истиот.
Keywords:
казнено – правен систем, компарација, развој, казнена постапка,
материјално – казнено право.
