
Асоцијации помеѓу синдром на согорување, анксиозност и депресија кај здравствени работници во палијативна и геријатриска установа
Citation APA 7:
Зејниловиќ, А. (2023). Асоцијации помеѓу синдром на согорување, анксиозност и депресија кај здравствени работници во палијативна и геријатриска установа [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Зејниловиќ, А., 2023. Асоцијации помеѓу синдром на согорување, анксиозност и депресија кај здравствени работници во палијативна и геријатриска установа. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 30.05.2023 |
Citation APA 7:
Зејниловиќ, А. (2023). Асоцијации помеѓу синдром на согорување, анксиозност и депресија кај здравствени работници во палијативна и геријатриска установа [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Зејниловиќ, А., 2023. Асоцијации помеѓу синдром на согорување, анксиозност и депресија кај здравствени работници во палијативна и геријатриска установа. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Синдромот на согорување е состојба предизвикана од хроничен стрес на работното
место, но сите вработени не согоруваат, иако работат во исти работни услови.
Стресот настанува во интеракција со околината доколку индивидуата нема
стратегии за справување или е преосетлива поради одредени индивидуални
карактеристики, шеми на однесување или погрешни верувања.
Кога стресот ги надвладува механизмите за справување, се нарушува менталното
здравје.
Најчести нарушувања на менталното здравје се анксиозноста и депресијата.
Синдромот на согорување често се изедначува со анксиозноста и депресијата поради
сличната симптоматологија со која се манифестира.
Целта на оваа магистерска работа е да ја истражи асоцијацијата помеѓу синдромот на
согорување, анксиозноста и депресијата кај медицински персонал вработен во
геријатриска и палијативна установа. За таа цел е направено квантитативно
истражување со онлине анкетен прашалник. Анкетниот прашалник се состои од
социодемографски тест, Маслач инструмент за мерење на согорувањето
специјализиран за здравствени работници (Maslach Burnout Inventory Human Services
Survey, MBI–HSS [MP]), и скала за мерење на анксиозност и депресија кај болнички
персонал ( Hospital Anxiety and Depression Skale ,HADS).
Од истражувањетo е утврдена сигнификантна корелација помеѓу нивоата на
димензиите на синдромот на согорување со нивоата на анксиозност и депресија.
Застапеноста на испитаниците со абнормална вредност на скалата за анксиозност и
скалата на депресија е сигнификантно поголема во рамките на подгрупата со
утврден синдром на согорување.
Од добиените резултати заклучуваме дека постои статистички значајна асоцијација
помеѓу синдромот на согорување ,анксиозностa и депресијатa.
Keywords:
стрес, синдром на согорување, анксиозност, депресија.
