Поврзаноста на пол, етничка припадност, анксиозност со депресија кај ученици на возраст од 14 до 19 години

Citation APA 7:
Диманоска, А. (2023). Поврзаноста на пол, етничка припадност, анксиозност со депресија кај ученици на возраст од 14 до 19 години [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Диманоска, А., 2023. Поврзаноста на пол, етничка припадност, анксиозност со депресија кај ученици на возраст од 14 до 19 години. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

04.09.2023

Citation APA 7:
Диманоска, А. (2023). Поврзаноста на пол, етничка припадност, анксиозност со депресија кај ученици на возраст од 14 до 19 години [Магистерска работа]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Диманоска, А., 2023. Поврзаноста на пол, етничка припадност, анксиозност со депресија кај ученици на возраст од 14 до 19 години. Магистерска работа. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Ученици со добро сочувано ментално здравје,со низок степен на изразена
анксиозност и депресија е од суштинско значење за создавање на здраво опшество.
Периодот од 15 до 19 годишна возраст е од исклучителна важност за учениците во
Средното образование. Со примена на различни стратегии и техники стручните
соработници,психолози и наставници да делуваат во насока на намалување нa
анксиозноста и депресијата кај учениците. Менталното здравје е тесно поврзано со
успехот на учениците и училишните постигнувања. Само здрави ученици со правилно
изграден психички развој може да создаваат продукти,и да градат успеси. Научниците
потсетуваат колку човекот со техничко технолошкиот развој исчекорил напред, а сепак
во сферата на меѓуполовите односи останал на почеток. Постојат психолошки и
физиолошки разлики меѓу мажите и жените ,разлики во хормоните,разлики во
секундарни полови карактеристики. Кога зборуваме за род зборуваме за
опшествени,културни одредени разлики меѓу мажите и жените,врските меѓу нив и
различните улоги и очекувања кои им се наметнуваат. Овие разлики не се вродени.
Кога зборуваме за очекувања од мажите се очекува да се насилни, а жените грижливи.
Од овие разлики произлегуваат родовите улоги и родовата нееднаквост,која е штетна
за психосоцијалниот развој на мажите и жените. Карактеристиките на женскиот пол се
поврзани и со низа на стереотипи кои го ситуираат женскиот статус и положба како
нежност,емпатија,чувствителност кои се поврзани со местото,контекстот но и други
културни и опшествени фактори. Во однос на етничката припадност од суштинска
важност е да се препознаваат предрасудите и стереотипиите. Предрасудата кон групата
што е различна станува уште понегативна тогаш кога таа група ce перципира како
пречка во практикувањето на обичаите, на традициите и на вредностите на групата што
ги има предрасудите (Esses et al., 1993).Со истражувачкиот процес се испитува
поврзаноста на пол,етничка припадност,анксиозноста со депресивното однесување кај
учениците од машки и женски пол од Македонска и Албанска припадност.
Според психолозите во однос на емоционалното доживување овој период е
најквалитетен во нивните животи. Детето ги доживува искуствата за интензивно
чувствување на тага, депримираност и инхибираност од социјалните и културните
норми по кои треба да се владее. Во адолесценцијата емоциите добиваат во интензитет,
тоа е период на можни кризи, афективни растројства анксиозност и депресија. Со
когнитивниот развој расте и суицидалното однесување па затоа превенцијата во5
училишна средина игра исклучително важна улога и потребата од примена на
методи,техники,вежби стратегии од страна на психолозите за редукција на стресот
анксиозноста и депресијата кај учениците.

Keywords:

пол, етничка припадност, анксиозност, депресија, предрасуди,
стереотипии, културолошки фактори, животен стил, емоционален, социјален
когнитивен развој на учениците.