
Булинг (врсничко насилство) и особини на личност кај ученици во основно образование
Citation APA 7:
Дејаноска, Ј. (2023). Булинг (врсничко насилство) и особини на личност кај ученици во основно образование [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Дејаноска, Ј., 2023. Булинг (врсничко насилство) и особини на личност кај ученици во основно образование. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Булинг (врсничко насилство) и особини на личност кај ученици во основно образование |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 26.06.2023 |
Citation APA 7:
Дејаноска, Ј. (2023). Булинг (врсничко насилство) и особини на личност кај ученици во основно образование [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Дејаноска, Ј., 2023. Булинг (врсничко насилство) и особини на личност кај ученици во основно образование. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Врсничкото насилство или булинг во основните училишта е сериозен проблем со
долгорочни последици на сите аспекти на развојот на личноста. Поради многубројните
непријавени случаи и тивкото опстојување на проблемот на булинг, тој заслужува
континуирано внимание и истражување. За таа цел, за следење на проблемот направено е
истражување на 104 адолесценти од цела држава за да се согледа состојбата на врсничкото
насилство, како и да се поврзе со одредени особини на личноста. Истражувањето се
спроведе онлајн и со тоа резултатите покажаа дека присутно е високо ниво на булинг, или
врсничко насилство кај адолесцентите во основните училишта во Република Северна
Македонија, од кои најзастапено е вербалното, па социјалното, физичкото и сајбер
насилство кај адолесцентите во основните училишта во Република Северна Македонија.
Најчеста возраст на која се појавува булинг (врсничко насилство) е од 12 до 15-16 години,
претежно кај машки пол кај адолесцентите во основните училишта во Република Северна
Македонија. Особините на личност како екстравертност и невротичност најмногу влијаат
на појавата на булинг (врсничко насилство) кај адолесцентите во основните училишта во
Република Северна Македонија. Постои статистички значајна поврзаност на особините на
личноста (екстравертност, невротичност) и појавата на булинг (врсничко насилство) кај
адолесцените во основните училишта во Република Северна Македонија; а помала
поврзаност со особините на отвореност, совесност и пријатност. Сè уште е ниско нивото на
обелоденување и барање помош за санација на проблемот на булингот (врсничко
насилство) кај адолесцентите во основните училишта во Република Северна Македонија.
Сериозноста на проблемот на врсничкото насилство или булинг во основните училишта,
наведува на неопходната потреба од континуирано следење на состојбата во училиштата.
Освен следењето, исклучително важна е улогата на психолозите во организирање
превентивни предавања, работилници на темата на булинг и развивање поголема емпатија
кај учениците. Големо значење во оваа насока има техниката на ,,Играње на улоги“, односно
ставање на учениците во кожа на жртва или насилник за подлабоко доживување на двете
улоги.
Keywords:
врсничко насилство, булинг, адолесценти, основно образование
