Договорот од Мастрихт 1993 како обележје на столбовите на Европската Унија

Citation APA 7:
Крстиќ, Н. (2023). Договорот од Мастрихт 1993 како обележје на столбовите на Европската Унија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Крстиќ, Н., 2023. Договорот од Мастрихт 1993 како обележје на столбовите на Европската Унија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Details

Author(s)

Article Тitle

Publication Year

Article Type

Subjects

Divisions

Date Deposited

07.07.2023

Citation APA 7:
Крстиќ, Н. (2023). Договорот од Мастрихт 1993 како обележје на столбовите на Европската Унија [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Citation Harvard:
Крстиќ, Н., 2023. Договорот од Мастрихт 1993 како обележје на столбовите на Европската Унија. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Abstract

Европското обединување било сон на многумина филозофи, научници, политичари,
а по толку долг временски приод во последниtе 50-тина години тој стана реалност.
Уште од самото формирање, Европската заедница и подоцна Европската Унија
(ЕУ) со своите карактеристики на комплексен и уникатен систем на регионална
интеграција кој ги надминува границите помеѓу меѓународната и домашната политика ќе
се наметне како едно од најинтригантните полиња на академско истражување и извор на
една од највибрантните и иновативни дебати во политичката наука. Процесот на европска
интеграција како една уникатна фузија на различни форми на владеење, институционална
надградба, лојалности и идентитети, претставува една од најкомплексните форми на
социолошко-политичка и економска динамика која има значајно влијание врз
општествениот живот во Европа.
Следствено, европската интеграција се наметнува како исклучително интересна
загатка, субјект за истражување и мошне поволно поле за теоретизирање. Теоријата
позади процесот е од централно значење за објективно разбирање на комплексните
политички и социјални феномени. Теоријата на европска интеграција е еден од клучните
аспекти на европските студии кој, несомнено, се обидува да навлезе во сржта на
интеграцискиот процес и есенцијално да ја објасни неговата природа и воопшто самото
значење на процесот на европска интеграција. Или, како што тврди Крисочу, „оваа
интелектуална патека кон објаснување и разбирање на настани од вистинскиот живот е
централна во изучувањето на европската интеграција, бидејќи ја открива структурата на
односи помеѓу множество на јавни, полу-приватни и приватни актери, вклучени во
процесот кој го зајакнува политичкиот систем на Европската Унија“.
Во овој Магистерски труд на тема: Договорот од Мастрихт 1993 како облежје
на столбовите на Европската Унија, со примена на начната методологија ќе
направиме обид по аналитички да ги обработиме содржините кои ќе говорат за
Договорот од Мастрих како едно од главните обележја на столбовите на Европскаа
Унија.

Keywords:

Договор, Европска унија, Мастрихт.