
Анксиозност – непрепознаена состојба кај ученици во основно образование од 12 до 14-годишна возраст
Citation APA 7:
Бошковска, М. (2023). Анксиозност – непрепознаена состојба кај ученици во основно образование од 12 до 14-годишна возраст [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Бошковска, М., 2023. Анксиозност – непрепознаена состојба кај ученици во основно образование од 12 до 14-годишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Анксиозност – непрепознаена состојба кај ученици во основно образование од 12 до 14-годишна возраст |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 13.10.2023 |
Citation APA 7:
Бошковска, М. (2023). Анксиозност – непрепознаена состојба кај ученици во основно образование од 12 до 14-годишна возраст [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Бошковска, М., 2023. Анксиозност – непрепознаена состојба кај ученици во основно образование од 12 до 14-годишна возраст. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Многу често во секојдневниот живот се среќаваме со поимот анксиозност, но дали
навистина знаеме во колкава мера таа влијае на децата, дали анксиозноста може да биде
здрава? Од што зависи реакцијата на детето на анксиозност? Како да знаеме дали станува
збор за минливо однесување или за анксиозно нарушување?
Анксиозноста е нормална реакција на перцепцијата на опасност, еден вид алармен
систем. Се манифестира преку дифузно чувство на опасност, непријатност, беспомошност
и не ретко изразено чувство на страв.
Анксиозноста ретко се изразува вербално, а кај децата и адолесцентите е поврзана
со одредени фази во развојот. Сите деца, на која било возраст, доживуваат моќни емоции.
Светот на малите деца може да биде застрашувачко и неизвесно место, исто како
што светот на адолесцентите им изгледа загрижувачки бидејќи се соочуваат со брзи
физички и емоционални промени.
Анксиозноста е составен дел од здравиот психолошки развој на децата и
адолесцентите. Таа игра улога во адаптацијата на детето и понекогаш придонесува за
избегнување на непотребни ризици, но во некои случаи може да стане сериозен проблем.
Анксиозноста станува алармантна состојба во оној момент кога започнува да го
забавува развојот или кога значително влијае на општото функционирање на детето.
Во овој труд е опишана анксиозната состојба, причините за нејзиното појавување кај
адолесцентите, идентификувањето на симптоми, како и видовите третмани за ублажување
или отстранување на оваа состојба.
„Анксиозноста е стапица сè додека не ја прифатите… потоа станува предизвик“
Keywords:
анксиозност, емоции, адолесцентианксиозност, емоции, адолесценти
