
Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе
Citation APA 7:
Цветкова, Е. (2023). Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Цветкова, Е., 2023. Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions |
Citation APA 7:
Цветкова, Е. (2023). Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти [Магистерски труд]. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Цветкова, Е., 2023. Поврзаност на анксиозност и емоционално вредносните аспекти на сликата за себе (себепочитување) кај адолесценти. Магистерски труд. Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Анксиозноста особено ако е присутна на повисоко ниво може негативно да се одрази
врз сликата за себе на адолесцентот. Анксиозноста може да предизвика несигурност,
сомнеж во себе, чувство на инфериорност и негативно размислување. Адолесцентите
кои страдаат од анксиозност често се повеќе склони кон самокритика и
преувеличување на негативните аспекти од себе. Анксиозноста може негативно да
влијае на секојдневните активности, интеракциите со врсниците и генерално на
квалитетот на животот на адолесцентот.
Во оваа смисла темата на анксиозност и сликата за себе кај адолесцентите
предизвикува посебен интерес на истражувачката јавност подолго време, а посебно
денес. Во таа насока е направено емпириско истражување на проблемот на анксиозност
и сликата за себе кај адолесцентите со примена на дескриптивен метод. Се применија
техника на тестирање-со Куперсмитов инвентар на самопочитување и скалирање со
скалата Дасс, прилагодена верзија со субскала на анксиозност. Резултатите укажаа на
средно ниво на анксиозност кај адолесцентите и поврзаност на варијаблите
анксиозност и сликата за себе кај адолесцентите во државата.
Важно е да се забележи дека анксиозноста и сликата за себе кај адолесцентите можат
да бидат меѓусебно поврзани и меѓусебно да се зајакнуваат. Затоа, важно е да се
обезбеди поддршка на адолесцентите кои се соочуваат со овие предизвици. Ова може
да вклучува охрабрување, позитивно самоприфаќање, промовирање здрави стратегии
за справување со стресот и обезбедување емоционална поддршка преку разговор,
работилници или барање стручна помош од психолози доколку е потребно.
Keywords:
анксиозност, слика за себе, адолесценција
