
Платниот налог во македонскиот правен систем и европското законодавство
Citation APA 7:
Јованов, Е. (2023). Платниот налог во македонскиот правен систем и европското законодавство [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Јованов, Е., 2023. Платниот налог во македонскиот правен систем и европското законодавство. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Платниот налог во македонскиот правен систем и европското законодавство |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 14.12.2023 |
Citation APA 7:
Јованов, Е. (2023). Платниот налог во македонскиот правен систем и европското законодавство [Магистерска работа]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Јованов, Е., 2023. Платниот налог во македонскиот правен систем и европското законодавство. Магистерска работа. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Едно од прашањата кое е актуелно во континуитет повеќе години наназад, а се
провлекува и секојдневно, во наплатата на побарувањата на доверителите поради
неможноста правните или физичките лица да си ги платат обврските доспеани за
користени услуги, извршени работи или купена, а ненаплатена стока, ме поттикна да го
објаснам и доловам токму платниот налог како еден од можеби не најдобрите, но
најсигурните начини на наплата на побарувањата на деловните субјекти. Во зависност,
секако, од волјата на доверителот и на должникот, нивната доверба и развиената
соработка и видот и обемот на побарувањата и доколку по пат на опомена за наплата
на долгот, доброволно не е извршена негова наплата.Наплата на побарувањата
согласно македонското законодавство, надлежно е поделена и може да се врши
судски, односно нотарски, преку поднесување предлог за донесување судски платен
налог или предлог во постапка за донесување решение со кое се дозволува извршување
врз основа на веродостојна исправа. Овие можности за наплата на побарувањата од
законски правен аспект се регулирани со Законот за нотаријат, како и со последните
измени на Законот за парнична постапка од 2015 година, што се однесуваат на
судскиот платен налог (чл. 417 до 428). Измените на Законот за парничната постапка
во делот на судски платен налог, од чија примена е поминат подолг временски период
ја налагаат потребата да се утврди дали оваа постапка и овој правен инструмент го
користат странките, ако обврската треба да ја исполнат во странство. Предмет на овој
труд, покрај платниот налог во македонското законодавство е и анализа на законското
уредување во европското законодавство и судската пракса на европскиот платен налог
како граѓанско правен институт на граѓанското процесно право на државите членки на
ЕУ. Со европскиот платен налог, без потреба на знаење на јазиците на земјите кои се
членки на Европската Унија, може да се наплати побарувањето од странки, физички и
правни лица. Целта е да се добие сознание колку се поттикнати и колку го користат
правните и физичките лица од државите на земјите членки на Европската Унија,
европскиот платен налог како правен инструмент за наплата на побарувањата од
странски физички и правни лица.
Keywords:
судски платен налог, нотарски платен налог, европски платен налог,
наплата во странство, доспеаност.
