
Интернационален HR и управување со мултикултурна работна средина
Citation APA 7:
Јакимовска, Ј. (2022). Интернационален HR и управување со мултикултурна работна средина [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Јакимовска, Ј., 2022. Интернационален HR и управување со мултикултурна работна средина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Details
| Author(s) | |
|---|---|
| Article Тitle | Интернационален HR и управување со мултикултурна работна средина |
| Publication Year | |
| Article Type | |
| Subjects | |
| Divisions | |
| Date Deposited | 24.11.2023 |
Citation APA 7:
Јакимовска, Ј. (2022). Интернационален HR и управување со мултикултурна работна средина [Магистерски труд]. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Citation Harvard:
Јакимовска, Ј., 2022. Интернационален HR и управување со мултикултурна работна средина. Магистерски труд. Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“.
Abstract
Во денешно време, колку што пазарот станува отворен и глобално достапен, толку
се наметнува потребата на организациите за развој на интернационални активности за влез
на странски пазари. Во таа насока се стремат голем број компании кои ги следат
глобалните трендови и нивните интенции за поголем успех. Во спротивно, може да тргне
во друг правец, доколку човечките ресурси не се третираат правилно бидејќи
профитабилноста на организациите зависи најмногу од вработените кои го прават
најголемиот инпут во фиксни трошоци. Во време на постојани промени, рецесија и висока
конкурентност, секој работодавец треба да преземе активности потребни за да го избере
најсоодветниот работник за таа работа што ја нуди. Всушност, речиси ¾ од
професионалците за човечки ресурси од големи и мали компании во широк опсег на
индустрии и земји укажуваат дека очекуваат меѓународниот бизнис на нивната компанија
да расте во годините што доаѓаат.
Некои од овие компании многу добро се соочуваат со предизвикот, а други
неуспешно пропаѓаат по донесувањето на одлуката за испраќање експатријати. Дали ќе
имаат успешна или неуспешна адаптација, зависи од тоа како се менаџираат луѓето, од
приспособливоста кон странската култура и флексибилноста на организациите. Земајќи
предвид дека работниците што се наоѓаат надвор од својата држава работат реално или
виртуелно со луѓе од други култури кои зборуваат на различни јазици, често пати се
наметнува прашањето за обуката и подготовката на кадрите пред да заминат од родената
држава со цел поттикнување прогрес во нивниот кариерен тек. Ефективното менаџирање
на овие човечки ресурси и интегрирање на нивните активности за постигнување глобална
предност е предизвик за лидерството на овие компании.
Keywords:
менаџер, менаџмент на човечки ресурси, интернационални компании
